Кинеската државна Агенција за наука, технологија и индустрија за национална одбрана соопшти денеска дека таа земја ќе лансира втора по ред ракета способна за пренесување на големи товари која во вселената ќе го понесе сателитот „Сиџијан-18“.
Ракетата „Чангџенг-5 Y2“ ќе тргне од вселенскиот лансирен центар „Венчанг“ во јужната кинеска покраина Хајнан утре, се наведува во соопштението.
„Чангџенг“ е најтешка кинеска ракета за превоз на товар, нејзиниот капацитет е 25 тони во ниската земска орбита и 14 тони во геостационарната орбита.
Првото лансирање од оваа класа е изведено во ноември 2016 година, потсетува агенцијата.








