Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кинг: Македонија е земја на потекло и транзит за нелегално огнено оружје
Македонија

Кинг: Македонија е земја на потекло и транзит за нелегално огнено оружје

декември 11, 2018Updated:декември 12, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Еврокомесарот за безбедност, Џулиан Кинг, синоќа ги брифираше европарламентарците за безбедносната состојба и соработка во земјите од Западен Балкан. Македонија испливува како важна земја на потекло, транзит и дестинација за нелегално огнено оружје, рече комесарот.

„Безбедносната состојба во регионот е предизвик, но има и директен импакт врз нашата безбедност во ЕУ. Подобро е да извезуваме безбедност отколку да увезуваме нестабилност, рече комесарот во својот воведен говор, истакнувајќи ја важноста од засилена соработка со земјите од регионот во делот на безбедноста.

Главните безбедносни предизвици за земјите од Западен Балкан се мрежите на организиран криминал. што, исто така, се присутни во ЕУ, трговијата со оружје, џихадизмот, но и кибернападите и стратешката дезинформација и пропаганда, најчесто со руско потекло или спонзорирана од Русија.

Македонија беше експлицитно спомената од страна на еврокомесарот како земја на потекло, транзит и дестинација за огнено оружје, иако проблемот е присутен речиси во сите земји од регионот како последица на војните од деведесетите, посебно Босна и Херцеговина, која има највисока стапка на огнено оружје по жител.

„Огромен број муниција остана во јавен промет по војните, меѓу половина милион и 1,6 милиони домаќинства поседуваат огнено оружје, што доведе до големо зголемување на шверцот, рече комесарот Кинг.

Мрежите на организиран криминал се присутни во регионот, но посебно во Албанија и албанофонските заедници, истакна Кинг кој додаде дека “албанофонски криминални групи“ се инволвирани во разни криминали во земјите членки на ЕУ, како со тешки кражби, напади врз сопствеништва или, пак, напади брз банкомати. Албанија, исто така, е дестинација за украдени возила од ЕУ, како и земја на потекла за трговија со дрога во ЕУ.

„Ширум Европа, предизвик е организираниот криминал со потекло и поддршка од Албанија, изјави комесарот.

Црна Гора, пак, е „главна влезна точка“ за кокаин со потекло од Јужна Америка, што пристигнува преку брод и е наменет за земјите од ЕУ. А во Србија највеќе се произведуваат синтетички дроги.

Регионот се соочува со сериозен предизвик и со враќањето на странски борци од боиштата во Ирак и Сирија, насилната радикализација и идеолошкото влијание на вахабизмот и салафизмот. Европската комисија проценува дека околу 1.000 борци од земјите од регионот се наоѓаат или отишле во Ирак или Сирија, а 35 отсто од нив се вратени во своите земји и “претставуваат ризик“, како и во ЕУ.

„На Западен Балкан тие се закана во регионот и подалеку од него, или затоа што шират религиозна радикализција во затворите или затоа што добиле кратки затворски казни и брзо се ослободени без мониторинг и превентивни акции, предупреди Кинг.

Друго загрижувачко странско влијание е она од Русија, посебно во делот на кибернападите, пропагандата и дезинформациите.

„Пропагандата цвета онаму каде социјалната кохезија и меѓучовечката доверба е ниска, исто така ниската медиумска писменост ги прави покревки пред идентитетската политика и националистичката реторика, што дополнително ја ослабува социјалната кохезија, опиша комесарот.

Европската комисија забележува значајно руско влијание во регионот, вклучително преку обиди да се оддалечат земјите од реформскиот процес на ЕУ и од западните институции како ЕУ и НАТО. Во овој дел, рече тој, е многу важна кибербезбедноста. Не изостанува ниту кинеското влијание. Кина многу инвестира на Балканот, во голем дел од информатичкиот сектор.

Една од мерките за спречување на руските дезинформации, освен поддршката за зголемување на технолошките и киберспособностите на земјите, беше етаблирањето на посебна единица за Западен Балкан во “Стратком“, единицата за борба против лажни вести на европските институции.

Кинг истакна дека во последните години соработката помеѓу ЕУ и регионот во борбата против тероризмот и киберзаканите е зајакната.

Заеднички акциски план, исто така, е елабориран како последица на стратегијата на проширувањето и Софискиот самит во мај. Овој план има за цел, меѓу другото, да се бори против насилната радикализација и финансирање на тероризмот, како и да ги заштити граѓаните и инфраструктурите. Освен Србија сите земји во регионот до сега назначиле и национален координатор во овој дел. За борбата против радикализмот ЕУ става на располагање дванаесет милиони евра под ИПА средствата.

актуелно кинг криминал македонија муниција транзит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.