– Во кинескиот град Вухан забрзано се гради нова болница со 1000 кревети, каде би требало да се лекуваат заболените од коронавирусот.
Ова не е првпат во Кина да се гради цела болница за само десетина дена. Кога во 2003 година изби епидемијата на САРС, од која починаа 774 лица, во Пекинг за една седмица беше изградена болница.