Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кирацовски до пратениците: Приклучете се, историјата ќе не вреднува сите
Некатегоризирано

Кирацовски до пратениците: Приклучете се, историјата ќе не вреднува сите

октомври 22, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски денеска ги повика сите пратеници од Собраните на Република Македонија, особено оние кои не гласаа  во првата фаза од уставните измени, активно да се вклучат во процесот за креирање на нацрт-амндманите, како што рече, со единствена цел, заедно да се дојде до национално прифатливо решение, што ќе биде во национален интерес за Република Македонија и нејзините граѓани.

„Уште еднаш сакам да ја поздравиме историската одлука на Собранието на Република Македонија со што беше испочитувана мнозинската волја на граѓаните за иднина во НАТО и Европската Унија и да ги повикаме сите пратеници да се приклучат кон тој процес , нагласи Кирацовски, посочувајќи дека гласот на 80-те пратеници за отпочнување на уставните измени е глас за исполнување на децениските стратешки интереси и глас против поделбите, изолацијата и неизвесноста.

Истакна дека сега Република Македонија е уште поблиску во процесот кон НАТО и ЕУ.

„Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието на патот кон унитарна Македонија, а тоа е спроведување на реформите и членство во НАТО и ЕУ. Почитувани колеги пратенци ајде заедно да ги поддржиме процесите за целосна имплементација на договорот од Преспа и заеднички да дадеме поддршка на сите неопходни реформи, да дадеме поддршка на обединувањето и помирувањето, повика Кирацовски.

„Наведе дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, по сопствен избор реши да остане изолирано, но, како што истакна, пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги надминат поразените политики на Мицкоски и ВМРО- ДПМНЕ и да дадат шанса на процесите.

Македонија се помирува, овие историски моменти повикуваат на надпартиско обединување за иднината на сите нас, потенцираше тој.

На новинарско прашање дали постои иницијатива за национално помирување, Карацовски наведе дека се уште нема, посочувајќи дека меѓу другото оваа прес-конференција е тој јавен повик што се испраќа, на почетокот на оваа работна седмица, се со цел пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, особено оние кои не гласаа во петокот да се одважат, да се охрабрат, и да се приклучат кон иницијативата за национално помирување и обединување, што е значајна буквално за сите граѓани на Македонија.

„Ние секојдневно ќе ги повикуваме сите пратеници кои „де факто“ работат во Собранието да се приклучат и заедно да учествуваме во процесот за национално обединување, јас сум повеќе од убеден дека од ден на ден поддршката за ваквото национално помирување и поддршката за евентуалната собраниска комисија ќе расте и пратениците, особено од ВМРО-ДПМНЕ, особено оние кои што не гласаа во петокот, ќе се осхрабруваат, ќе се одважуваат и еден по еден ќе се приклучуваат, одговори Кирацовски, на новинарското прашање околу тоа дали ќе биде формирано собраниско тело за помирување.

На прашањето дали помирувањето ќе се однесува само на 27 април или ќе биде и пошироко, тој наведе дека тоа треба да произлезе од дебатата на собраниската комисија која ќе биде сочинета од сите нас.

 

актуелно вмро-дпмне ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.