Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски и Петков најавуваат креирање иднина, ослободена од минатото преку практично зајакнување на соработката
Македонија

Ковачевски и Петков најавуваат креирање иднина, ослободена од минатото преку практично зајакнување на соработката

јануари 18, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Оптимизам за нов почеток во обидите за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на почетокот на преговорите на земјава со Европската Унија пристигнува деновиве и од Скопје и од Софија.

Новите влади на двете земји најавуваат нов почеток во преговорите за надминување на спорот, попрагматичен пристап и фокус најпрво на она што е моментално остварливо, зајакнување на соработката и со тоа создавање позитивна клима и отворање на патот за надминување на разликите.

Денеска во посета на Скопје пристигнува новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, кој ќе се сретне со исто така новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој откако во неделата доби поддршка за неговиот владин состав во Собранието, вчера и официјално стапи на премиерската функција.

Поглед кон иднината, поголема практичност, ослободување од досегашните декларативни заложби, насоченост кон она што можеме и што е важно за секојдневието на граѓаните најавуваат двајцата премиери пред денешната средба. Тие меѓу другото ќе разговараат за формирањето на петте работни групи – за економија, инфраструктура, култура, евроинтеграции и историја, кои, како што најави Петков во интервју за МИА, би се состанувале секоја од нив еднаш месечно и би придонеле за практично решавање на прашањата кои се важни за двата народа. Ќе стане збор и за одржување на заедничка седница на двете влади, која би можела да се реализира во текот на овој месец.

 

Ковачевски вчера по средбата на новиот владин кабинет со претседателот Стево Пендаровски истакна дека со Петков ќе разговара за теми од областа на економијата, инфраструктурата, образованието, образовната соработка, иновациите, како и за поддршката во евроинтеграцискиот процес на земјава.

Петков во интервјуто за МИА, пак, нагласи дека доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за нов почеток и без анекс или каков било документ на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

– Не, не. Доаѓам со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно. Немам подготвен документ или нешто, бидејќи сите тие документи немаат поента, ако не им дадеме вистинска мотивација дека мора да ја завршиме работата. Јас предлагам документите да ги оставиме како втор чекор, а прво да почнеме, за да има нешто за што ќе пишуваме во следниот документ. Инаку, опасноста е дека ние ќе напишеме документ и после што од тоа, вели Петков на прашањето на МИА дали со себе ќе донесе некаков анекс на Договорот, нешто за што во земјава се шпекулираше изминатиот период.

И Ковачевски вчера изјави дека со Петков нема да потпишуваат договори, туку низ работа ќе ја вратат прво довербата меѓу граѓаните и оти тоа нема во сите области да го прават политичарите.– Кога зборуваме за соработка во областа на економијата и во областа на трговијата тогаш тука сметам на соработка помеѓу бизнис секторот, што значи дека ќе ги повикаме и стопанските комори на двете држави да соработуваат помеѓу себе. Во областа на образованието ќе ги повикаме и универзитетите да соработуваат меѓу себе. Во однос на иновациите, оние кои се занимаваат со нови бизниси, со иновации да соработуваат меѓу себе, додаде Ковачевски. Тој нагласи дека ваквиот принцип ќе се користи и при образовна и културна размена, како и дека ќе се работи на тоа младите да воспостават подобра комуникација меѓу себе.

За роковите повеќе не се говори, иако самиот Петков заговараше шест месеци за да се реши спорот, а по заседанието на бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност, претседател на Бугарија, Румен Радев изјави дека рокови не се потребни, туку потребни се реални резултати. Сега и самиот Петков вели дека можеме да постигнеме напредок во рокот во кој ќе си ја завршиме работата и едната и другата страна.

Осврнувајќи се на деструктивните сили кои влијаат врз процесите и обидите да се реши спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, Петков во интервјуто за МИА нагласи дека тие одделни групи во двете земји, кои од различни причини сметаат дека добрососедството не е добро за нив, ако се вклучат во целиот контекст ќе бидат само еден мал глас во целосната слика.

– Има една мала група на луѓе, кои преку корупцијата заработуваат на сметка на сите останати. Јас мислам дека тие се дел од деструктивните елементи, кои се поврзани и кои го поставуваат прашањето дали е добро или не е добро добрососедството меѓу двете земји. Многу од тие исти групи се поврзани и со внатрешната корупција во земјите, порача во интервјуто за МИА бугарскиот премиер Кирил Петков.

Лесни и тешки прашања  

Да се поврземе и да ја зајакнеме соработката онаму каде моментално нема препреки, да поттикнеме бизнис соработка, да се воведе директна авионска линија, да се работи на инфраструктурно поврзување е појдовната точка од која двајцата премиери ќе се обидат да го придвижат процесот и да го отворат патот за потешките прашања, секако тука спаѓаат јазикот, нацијата, историјата.

Петков смета дека првата работа што може да се направи уште следниот месец е воведување на авиолинија Софија-Скопје, а за тоа како ќе се решаваат потешките прашања вели дека со конструктивен дијалог сите прашања се решливи.

Ковачевски вчера порача дека нашите позиции се кристално јасни, односно дека ние сме Република Северна Македонија, во која граѓаните зборуваат македонски јазик и имаме свој засебен идентитет.

– Во однос на историските прашања секогаш сум кажувал дека треба да бидат дел од дебата на историчарите, а дека довербата меѓу граѓаните треба да се гради на позиции коишто значат подобар стандард за нив и како да дојдеме до тоа. Во однос на малцинските права ние ги почитуваме сите повелби и сите организации во кои се регулираат на меѓународно ниво, вклучително и ОН и малцинските права. Ние, исто така, сме држава која што кажала во однос на сите свои соседи дека нема да се меша во нивните внатрешни прашања, потенцира Ковачевски.

Бугарскиот премиер во интервјуто за МИА нагласува дека има лесни работи, но и потешки и почувствителни, кои треба да се адресираат.

 

– Има некои работи на кои треба да обрнеме малку повеќе внимание, кои се почувствителни, во врска со тоа што примарно и Консултативниот совет за безбедност го изнесе за правата на Бугарите. Тоа се теми кои се со малку поголема тежина. Ние треба да ги адресираме. Јас сметам дека еден пријателски, конструктивен пристап треба да може да ги решава и лесните и потешките теми. Но, затоа најважно е да имаме доверба и таа доверба се надевам дека ќе ја изградиме и тоа со оние работи кои ги правиме заедно, нагласи Петков.

Бугарскиот премиер пред доаѓањето во Скопје во интервју за БТВ рече дека ниту тој, ниту други претставници на Владата не разговарале со претставници на Амбасадата на САД во Бугарија за признавање на македонско малцинство во земјата.

– Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, рече Петков.

Тој порача дека постои усогласен став на бугарската политика, потврден од Консултативниот совет за национална безбедност пред една недела, дека позицијата на Бугарија кон Северна Македонија не е променета, туку е само надградена со работни групи.

Петков, пак, синоќа во интервју за Сител порача дека на ниту еден начин не ги доведуваат во прашање идентитетот и јазикот на Република Северна Македонија. Во одговор на прашање кој е неговиот став за македонскиот јазик и народ истакна дека Бугарија е првата држава која ја признала Северна Македонија како самостојна држава и оти се гордее со тоа.

-Кога си самостојна држава ние на ниту еден начин не го доведуваме во прашање идентитетот, јазикот во Република Северна Македонија. Тоа е ваше идентитетско право. Никој тоа не го оспорува, истакна Петков.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој вчера посетата на Петков ја оцени како добар знак и добар сигнал за отворање нов процес, истакна дека изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било од државите во регионот не би било продуктивно во овој момент.

– Ние се водиме од европски принципи и практики и тоа ќе остане така, тоа е наша уставна обврска. И досега имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на која било наша соседна држава. Тоа ни е обврска од Уставот, така што не е на Северна Македонија каде и какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, а секоја група на луѓе, етничка заедница или пак политичка партија или здружение имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права или Европската конвенција за заштита на човековите права, рече Маричиќ.

Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур има изречено 16 пресуди за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија. Комитетот на министрите на Советот на Европа, во јуни минатата година изрази загриженост и побара од бугарските власти да обезбедат информации за овие случаи до 1 декември 2021 година, како и да се продолжи со разгледување на спроведувањето на пресудите од оваа група на предмети за време на состанокот во март оваа година.

А едно од тешките прашања минатата година беше работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, чии членови на последните состаноци не успеаја да ги приближат позициите и по завршувањето излегуваа во ставови дека нема напредок, дека остануваа разликите во пристапот. Мешовитата македонско-бугарска комисија беше формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во 2017 година, а последниот 16-ти состанок се одржа во декември минатата година. 

Петков сега предлага и оваа комисија, како и останатите работи групи кои се планирани, да се состанува еднаш месечно, да биде подинамична, а за тоа каде е проблемот дали во самата форма на комисијата или во нејзините членови, тој не дава конкретен одговор, но за разлика од него вчера шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека е подготвен да предложи промени во работата на Заедничката историска комисија.

– Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија, рече вчера Османи и нагласи дека евентуална промена во структурата и пристапот на работата на комисијата нема да биде врзана за конкретни рокови за резултати.

На посетата на Петков и ставовите изнесени од него непосредно пред доаѓањето во Скопје вчера се осврна и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски, кој во гостување на ТВ 24 истакна дека од ЕУ не треба да се откажеме, но не со преговори по цена на идентитетот.

-Се додека имаме меѓународна политика каква што имаме, се додека на отворена сцена се газат преговарачките позиции како што тоа денеска го правеше Маричиќ, што претходно го правеше Бучковски, како Заев, во еден период Димитров, а Бујар Османи континуирано, ние и континуирано ќе губиме и од ништо ќе ни се случуваат вакви проблеми, вели Мицкоски.

Во врска со изјавата на Петков рече дека е „чудно истовремено да велите дека не го спорите определувањето на македонскиот народ, а од друга страна да не знаете дека постои македонско малцинство во Бугарија за кое има пресуди во Европскиот суд за човекови права“.

– Добро би било еве оваа влада ,,проевропска и прогресивна” влада која ја предводи Петков да имплементира барем една од тие пресуди на Европскиот суд за човекови права и да им дозволи на луѓето од ОМО ,,Илинден – Пирин” барем да се регистрираат како политичка партија и тогаш јас ќе верувам дека навистина тие не го спорат нашиот идентитет, никој не го спори постоењето на македонскиот јазик итн, рече Мицкоски, кој најави дека денеска ќе има средба со новиот бугарски премиер.

Билатералните прашања, билатерално да се решаваат, порака од Германија

Пред денешната посета на Петков, новиот премиер на Северна Македонија Ковачевски, вчера на првиот ден на стапувањето на премиерската функција оствари средби со германската министерка за Европа, Ана Лирман и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.

Лирман, која вчера престојуваше во посета на Скопје изрази поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, но и решавање на билатералните прашања на билатерално ниво.

-Германија е сериозна со ЕУ-перспективата за сите држави од регионот. ЕУ во однос на Северна Македонија стои на својот збор. Сите предуслови за почеток на пристапните преговори се исполнети. Преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат, Германија и понатаму активно ќе се залага за тоа, рече Лирман на заедничка прес-конференција со Маричиќ.

Лирман потенцира дека билатералните прашања мора да бидат билатерално решени, независно од пристапниот процес со ЕУ, додавајќи и дека нашата земја и Бугарија активно работат на решение на блокадата.

– Северна Македонија консеквентно продолжува да чекори по патот на реформите и владеењето на правото што е исто така сигнал во правец на ЕУ. Би сакала да Ве охрабрам да останете на тој пат, истакна министерката, дополнувајќи дека без борба против корупцијата ниту една земја не може да се развива.

Со порака пред денешната посета на Петков излезе и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз на средбата со новиот премиер Димитар Ковачевски.

Брнз потенцираше дека за САД односите меѓу двете земји како најблиски соседи и сојузници во НАТО се од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Ковачевски на средбата, пак, истакнал дека официјална посета на премиерот Бугарија Петков и на членовите на неговата Влада е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно иднина ковачевски креирање петков
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.