Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски на Самитот на ЕБОР: Северна Македонија е атрактивна дестинација за странските инвеститори
Македонија

Ковачевски на Самитот на ЕБОР: Северна Македонија е атрактивна дестинација за странските инвеститори

февруари 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се обрати на пленарната сесија на отворањето на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.

На оваа сесија на Самитот, на кој присуствуваат голем број претставници на бизнисот и финансиските институции од Европа и светот, премиерот Ковачевски говореше за економските политики и за финансиската поддршка наменета за странските инвеститори, кои веќе покажаа исклучително позитивни резултати и по кои Република Северна Македонија се препознава како атрактивна дестинација за странските инвеститори.

„Неколку прашања се од важност за инвеститорите кога треба да изберат каде да инвестираат, а тоа се  макро економска стабилност, колку се пријателски околностите за водење бизнис и дали е развиена инфраструктурата. Во однос на првото прашање имаме стабилна макроекономска слика и тоа е осигурено со стабилниот рејтинг на земјата кој го потврди и „Стандард и Пурс“.

Со добри политики одржуваме стабилна макроекономска состојба и јавен долг кој е под нивото на земјите од регионот“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.

Ковачевски додаде дека во земјата има стабилни финансиски текови со стабилна валута како столбот на макроекономската политика која со години ја одржуваме.

Во врска со поддршката што им ја даваме на инвеститорите во Северна Македонија, рече премиерот Ковачевски, атрактивните стимулативни мерки за инвестирање се покажаа како посебно атрактивни за инвеститорите кои доаѓаат од автомобилската и ИТ индустријата а ќе имаме стимулации и за другите инвестиции.

„Денес, во Северна Македонија домашните и странските инвеститори добиваат еднакво добра и силна поддршка, а програмите се целосно транспарентни и насочени кон нови вработувања. Инвеститорите имаат можност за соработка со добри домашни изведувачи, кои постојано се унапредуваат технолошки, што значи нова машинерија, нови технолошки процеси, зголемување на продуктивноста – сето тоа создава опкружување во земјата коешто во економска смисла е повеќе од посакувано, особено после првата негативна година од пандемијата“, потенцираше претседателот на Владата, Ковачевски на самитот на ЕБОР во Лондон.

Овие добри показатели влијаеја и на намалувањето на невработеноста, информираше премиерот Ковачевски, и тоа ја достигна историски најниската стапка од 15,7%, за разлика од периодот пред 2017 година кога достигна речиси 30%.

Ковачевски го издвои како посебно значаен концептот за дуално образование како одговор на потребите на инвеститорите од стручна работна сила.

Во однос на најважните приоритети на Северна Македонија, премиерот Ковачевски ги истакна инфраструктурните проекти за актуелните фази од патното и железничкото поврзување со Република Бугарија, односно европскиот Коридор 8, кој го вклучува и вториот приоритет за поврзување на дистрибутивните системи за електрична енергија со Албанија, како и интерконекторот со Грција за поврзување со гас за стабилно снабдување со овој енергенс.

На самитот на ЕБОР за инвестиции во Западен Балкан, како за посебно значајно се издвои прашањето на енергетската сигурност и трансформацијата на енергетските капацитети кои работат со јаглен или мазут во капацитети кои користат обновливи извори на енергија.

Ковачевски нагласи дека Северна Македонија има за цел до 2030 година да ја оствари својата стратегија за целосна транзиција кон чисти енергетски капацитети и информираше за трансформацијата на постоечките електрани на фосилни горива во фотоволтаични централи, како и за поволните услови за инвестиции во соларни и ветерни електрани.

Како посебно значајни премиерот Ковачевски ги оцени инвестициите во иновации и дигитална економија и затоа како посебно добредојдени се вложувањата во ИТ секторот за што постои огромен интерес и за работа во тој сектор каде што платите се повеќе од 2,5 пати поголеми од просечната плата.

На отворањето на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон, на кој учествуваат и заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, говореа еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји и претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо.

актуелно дестинација ебор ковачевски македонија самит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.