Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски: Нè чека работа за граѓаните, заедно, посветено и одговорно!
Македонија

Ковачевски: Нè чека работа за граѓаните, заедно, посветено и одговорно!

декември 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Почитувани другарки и другари, драги социјалдемократи, Денес е голем ден за демократијата во Македонија. Денес е голем ден за внатерпартиската демократија на СДСМ. Сакам да ви се заблагодарам на сите што гласавте за нов лидер на партијата.

Сакам да им се заблагодарам на сите членови на СДСМ што гласале за мене и што ми дадоа поддршка. Искрено им честитам на моите противкандидати, партиските другари Фросина Ременски и Јован Деспотовски за учеството во овој фер натпревар. Тие со своите програми и настапи ја збогатија демократијата во СДСМ и во општеството но и дадоа извонрдни предлози кои ќе бидат дел од реформите во партијата. Фросина и Јован ви благодарам, рече новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Вечерва СДСМ е победник. Вечерва СДСМ одржа уште една лекција од демократијата. Вечерва може сите да славиме за успешните избори, но од утре мора да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Наша е одговорноста за се што ќе се случува со партијата, но и во државата во годините што следат. Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда која одлучно се спроведува, државата оди напред. Затоа ни треба силен и обединет СДСМ кој има јасни цели и енергија за нивно спроведување. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството и граѓаните со право очекуваат од нас да работиме заедно, одговорно и посветено“, изјави Ковачевски.

Ковачевски му се заблагодари на досегшаниот претседател на СДСМ Зоран Заев, не само што тој во својот мандат оствари многу значајни победи за СДСМ, туку како што нагласи Ковачевски, и за тоа што со неговата храброст за решавање на проблемите и чуство за одговорност сите на мотивираше и инспирираше.

„Зоран Заев го консолидираше СДСМ во многу тешки услови. Заедно со граѓаните го сруши режимот на Груевски, ги врати слободата и демократијата, воспостави едно општество за сите ја внесе државата во НАТО и ја донесе пред портите на преговори со ЕУ. Зоран Заев не научи што е лидерство, што е партиско другарство и што вистински значи да се биде демократ и прогресивен политичар. Тој ни остава аманет да го продолжиме патот на демократсиот развој и грижа за сите. Ние од тој пат нема да отстапиме. Му благодарам и на моето семјство за подршката и на мојот тим кој ми помагаше во изборната кампања. Мојата програма Заедно, Одговорно и Посветено подразбира да работиме со здружени сили и секој најодговорно да им се посвети на задачите кои му се доверени. Вечерва завршуваме со ветувања, од утре почнуваме со реализација. Не чека напорна работа ако сакаме СДСМ да биде таков каков што сите го посакуваме, силен и обединет. Многу работа за да ја вратиме довербата на граѓаните и членството. Многу работа и посветеност за нашата земја да биде водена уште долго според принципите и вредностите на социјалдемократијата“, изјави Ковачевски.

Сите што се подготвени на посветено, чесно работење во интерес на сите граѓани ги сметам за дел од мојот тим. Лично сметам на трудот, енергијата и квалитетите на секој социјалдемократ, секој прогресивен граѓанин и секој кој сака искрено да помогне и да се вложи во успехот на нашата политика и нашата држава, додаде тој и на сите им посака добро здравје.

актуелно граѓани ковачевски Работа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.