Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачев: Малку е веројатно Софија до утре да го промени својот став за ветото
Политика

Ковачев: Малку е веројатно Софија до утре да го промени својот став за ветото

декември 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Малку е веројатно до утре или во следните неколку часа да има некаков нов развој на настаните во однос на сегашната состојба, особено ако се има предвид неуспехот на последниот состанок заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања“, изјави денеска бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во врска со можноста за промена на ставот на Бугарија во однос на ветото за преговарачката рамка за земјава со ЕУ во пресрет на утрешниот Советот на министри на Унијата.

Како што јави БГНЕС, според Ковачев, премиерот Зоран Заев треба да манифестира „поголема храброст и поттик“, со цел спроведување на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји.

„Ако во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија колегите од Скопје се плашат да ги прифатат фактите, тогаш ќе треба да се најдат други механизми за спроведување на Договорот. Европската унија постои не да се мразиме едни со други, туку да живееме заедно во целосна толеранција“, истакна Ковачев.

Според него, не смее да се дозволи младите во земјава „да бидат воспитувани да ја мразат Бугарија“.

„Во текот на последните три децении, ние постојано демонстриравме добра волја–ние бевме првите што ги признавме како независна држава, го браневме нивниот територијален интегритет, дававме различна помош, вклучително и воена, ги враќавме на патот. Од друга страна, она што го гледаме е дека тие не можат да се разделат од приодот на Тито и не се подготвени да ги отстранат наметнатите поделби од комунистичкиот режим“, додаде бугарскиот европратеник.

Ковачев оцени дека македонската страна „се обидува да најде разни изговори“, потенцирајќи дека изборите во Бугарија „немаат никаква врска со заедничката историја“.

„Сите бугарски политички партии се согласуваат–не постои начин да се направи компромис со историјата и јасните историски факти“, нагласи Ковачев, кого БГНЕС го карактеризира како „еден од најголемите поддржувачи за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ“.

актуелно вето Ковачев Софија став
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.