Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КОЛАПС ВО АВГАНИСТАН: Бизнисот со дрога сега цвета во „Златниот триаголник“
СВЕТ

КОЛАПС ВО АВГАНИСТАН: Бизнисот со дрога сега цвета во „Златниот триаголник“

декември 12, 2023Updated:декември 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мјанмар во 2023 година стана најголемиот светски производител на опиум, претекнувајќи го Авганистан, кој, со враќањето на Талибанците на власт, тргна во сузбивање на трговијата со дрога, се вели во извештајот на Обединетите нации објавен денес.

Оваа година, според проценките, Мјанмар произведе 1.080 метрички тони опиум, неопходен за производство на хероин, се наведува во документите на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC).

„Златниот триаголник“, граничната област меѓу Мјанмар, Лаос и Тајланд, веќе долго време е средиште за производство и криумчарење на дрога, посебно на метамфетамин и опиум.

Севкупната проценета вредност на „економијата со опијати“ на Мјанмар скокна на 1 до 2,4 милијарди долари, што е еквивалентно меѓу 1,7 и 4,1 отсто од БДП на земјата во 2022 година, се додава во извештајот.

Минатата година во Мјанмар беа произведени 790 метрички тони опиум.

Економијата на земјата во голема мера e погодена од конфликти и нестабилност откако во 2021 година власта ја презеде војската, заради што многу земјоделци поради лошиот пристап до пазарите, оштетената државна инфраструктура и високата инфлација, се свртеа кон одгледување афион.

Проценетото производство на опиум за периодот 2022-23 година беше на највисоко ниво во изминатите 20 години, посочува УНОДЦ.

Одгледувањето афион во Мјанмар стана пософистицирано, со зголемени инвестиции и со примена на подобри методи, вклучително и подобрено наводнување и можно употреба на вештачки ѓубрива за зголемување на приносот.

Во Авганистан, Талибанците по враќањето на власт ветија дека ќе стават крај на илегалното производство на дрога, и дотогаш најголемиот светски производител на афион му го отстапи местото на Мјанмар.

Одгледувањето афион во Авганистан за кратко време доживеа целосен колапс.

Имено, во 2022 година афион во Авганистан се садеше на површина од 233.000 хектари, додека во 2023 година оваа површина се намалила на 10.800 хектари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Анадолу Агенција)

авганистан актуелно афион дрога Мјанмар талибанци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.