Членовите на ДИК Дума и Милев си поднеле барање за престанок на функцијата – потврди за Телевизија 24 Виолета Дума, а оставката на претседателот на ДИК Чичаковски, самиот ја потврди за МИА.
Оставките се неотповикливи, а според Дума парите што членовите ги земале како надомест поради и што беа критикувани во јавноста веќе ги вратиле во државниот буџетот.
Оставките следуваат откако во јавноста беше обелоденето дека на затворена седница да си поделат вртоглави суми како надоместоци за последните изборни циклуси.
Според неофицијалните информации, за останатите членови оставките се напишани и се чека да бидат испратени до Собранието.







