Економското закрепнување после 2020-та, погодената од корона вирусот, предизвика повторно зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во Европската унија, по долгиот период на континуиран пад.
Според прелиминарните податоци, емисиите на стакленички гасови штетни за климата во ЕУ се зголемиле за околу 5 отсто во 2021 година во споредба со претходната година, се вели во извештајот што вчера го објави Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Но, емисиите беа околу 6 проценти помалку отколку во годината пред пандемијата со корона во 2019 година.
Помеѓу 1990 и 2020 година, емисиите од 27-те земји на Унијата се намалија за 32 отсто, што значи дека климатската цел за намалување од 20 отсто за 2020 година беше јасно постигната.
Меѓутоа, годишниот напредок мора да биде повеќе од двојно зголемен на патот кон поамбициозните климатски и енергетски цели за 2030 година, напишаа експертите од агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген.
Емисиите би требало да се намалат во просек за 134 милиони тони CO2 годишно, или 4 отсто, за да се постигне целта за намалување на емисиите за најмалку 55 отсто до 2030 година.







