Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Конве-Муре за МИА: Франција наскоро ќе даде зелено светло за НАТО, за ЕУ не е против, треба време
Македонија

Конве-Муре за МИА: Франција наскоро ќе даде зелено светло за НАТО, за ЕУ не е против, треба време

ноември 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Разбираме дека сигналот кој што беше даден е многу негативен и не сакаме тоа да предизвика реакција против Франција и против нејзиниот став, но таа порака треба да биде сфатена дека не станува збор за негативна активност кон Македонија. Франција смета дека сите земји од регионот се дел од европскиот континент, но неопходно е денес за ЕУ да се реформира внатре, вели во интервју за МИА Елен Конвe-Муре, заменик претседател на францускиот Сенат и член на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, која е во дводневна посета на земјава.

„Не станува збор за вето, ниту за одбивање од страна на Франција, затоа што Франција не сака да го блокира процесот, туку само се изјасни негативно во однос на прашањето, затоа што можеби денес ЕУ не е подготвена да прифати нови земји членки и неопходно е да се видат одредени критериуми кои што ќе помогнат да се пристапи кон членство и прифаќање на нови земји – кандидати, вели сенаторката Конве-Муре појаснувајќи го недоделувањето датум за Скопје и Тирана на октомврискиот Самит на ЕУ.

Во однос на можноста наскоро Париз да ги изнесе своите предлози за новата методологијата за проширување, француската сенаторка вели дека извршната власт сигурно работи на тоа, но таа како член на Сенатот воопшто не е во можност да зборува за рокови.

„Она што можам ви го кажам е дека постои потреба за ургентност за која што е свесна извршната власт во Франција за да може да се напредува колку што е можно побрзо, за да се донесе појаснување за она што се очекува од Македонија и Албанија, вели Конве-Муре.

Комплетирањето на ратификацијата на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО во француското Собрание откако тоа го направи францускиот Сенат, Конве-Муре појаснува дека според консултациите со нејзините колеги од француското Собрание, ќе зависи од агендата на Собранието, но смета дека би се случила многу брзо и не би имало никаков проблем. Сепак, не може да каже дека е тоа можно пред самитот на Алијансата во Лондон.

„Можеби, но не можам да го потврдам тоа, не можам да ви дадам точен датум затоа што моите колеги од француското Собрание немаат фиксна дата. Она што можам да ви го кажам е дека нема да има никаков проблем  за гласањето во француското Национално собрание, посочува заменик претседателката на францускиот Сенат Елен Конве-Муре.

Во интервјуто што подоцна денеска МИА ќе го објави во целост заедно видео материјалот од разговорот, Конве-Муре зборува и за билатералната соработка во одбраната и безбедноста, за фокусот на Француската агенција за развој која треба набрзо да почне да функционира.

актуелно ЕУ конте НАТО Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.