Министерството за образование и наука информира дека денеска се објавени конечните резултати од првиот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.
Електронското пријавување е активно од 28.07.2017 се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.
Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7.08 до 11.08.2017 година во Министерство за образование и наука.
Би сакале да ве информираме дека, доколку сте конкурирале за прием во Државен студентски дом резултатите за прием на ученици ќе бидат достапни по завршувањето на конкурсот за сместување на студенти во домовите, велат од министерството за образование и наука.
За подетални информации околу конкурсот обратете се на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140 -147, или на следнaта електронска адреса: sadije.sefa@mon.gov.mk







