Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КОНТРА СЕВЕРОТ: Почнаа воени вежби на Јужна Кореја и Америка
СВЕТ

КОНТРА СЕВЕРОТ: Почнаа воени вежби на Јужна Кореја и Америка

март 4, 2024Updated:март 4, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Војските на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави денеска ги започнаа своите пролетните вежби со двојно поголем број војници во споредба со минатата година, изјавија официјални лица, додека сојузниците се обидуваат подобро да се спротивстават на се поголемите нуклеарни и ракетни закани на Северна Кореја.

Вежбите насловени „Штит на слободата“, што ќе траат десет дена, од 4 до 14 март, се одржуваат во време кога Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни капацитети со тестирање ракети и други оружја. Тие ќе бидат први откако Пјонгјанг во ноември лани го укина меѓукорејскиот воен договор од 2018 година.

Сојузничките воздухопловни сили, исто така, ја започнаа петдневната годишна вежба „Шангмае“, на ниво на баталјон, соопшти денеска Министерството за одбрана во Сеул.

„Годинешниот ‘Штит на слободата’ вклучува двојно поголем број војници од двете страни во споредба со минатата година, а комбинираната теренска обука ќе вклучува воздушни напади и воздушни удари“, објави началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.

„Вежбите примарно се насочени за да ги неутрализираат нуклеарните закани на Северна Кореја, вклучувајќи и идентификување и погодување на крстосувачки проектили, за кои Пјонгјанг посочи дека можат да носат нуклеарни боеви глави“, истакна портпаролот на воените сили на Јужна Кореја, полковник Ли Сунг-Јан.

„Сценариото за нуклеарен напад ќе биде интегрирано во летните вежби“, додаде тој.

Пјонгјанг луто реагираше на сојузничките вежби, нарекувајќи ги проби за нуклеарна војна. Сеул и Вашингтон велат дека вежбите се одбранбени и се одговор на заканите од Северот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Илустрација – Манан Ватсјајана / АФП)

актуелно Америка вежби Кореја Пјонгјанг Сеул
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.