Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Конференција: Општествата да даваат еднакви можности и да ги користат сите потенцијали
Економија

Конференција: Општествата да даваат еднакви можности и да ги користат сите потенцијали

октомври 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ниту еден бизнис и општеството воопшто не смее да си дозволи да отфрли настрана половина од човечкиот потенцијал и да не го искористи за сопствениот развој.

Прашањето на родовата еднаквост, и економското јакнење на жените е од исклучителна важност не само во постигнувањето на економскиот и општествениот развој, туку и за борбата на девојките и жените во справување на предизвиците со кои се соочуваат, како насилството, дискриминацијата и сиромаштијата.

Ова се генерално пораките што ги испратија дел од учесниците на Mеѓународната конференција „Жени во индустријата“ која се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Асоцијацијата на здруженија на инженери и ЕВН Македонија АД.

Премиерот Зоран Заев обраќајќи се на конференцијата рече дека родовата еднаквиост како прашање е високо на агендата на Владата, бидејќи, како што рече, сака да создаде општество со еднакви можности за сите.

Без родова еднаквост, рече не е можно ни остварување на ниту една од целите за одржлив развој, како една од обврските кои ги преземала државата.

„Ниту една земја не може да си дозволи да остави половина од својата популација зад себе. Тоа не смее да биде прифатливо за никого. Ние нема да запреме додека целосно не ја анулираме разликата во вредноста на трудот на мажите и жените, нема да запреме со спроведување на политиките за родова еднаквост додека не обезбедиме дека девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните
кариери и да бидат избрани на највисоките работни позиции. Намалувањето на родовиот јаз во платите може да придонесе за поголем економски развој, еднаквоста на пазарот на труд може да ја поттикне мотивираноста и вклучување на жените и значаен придонес за долгорочниот раст во економијата“, рече Заев.

Според него, економското зајакнување е одговорт на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените.

Економски силни девојки и жени, рече, полесно ќе се справат со сиромаштијата, насилството и дискриминацијата, со остварувањето на нивното природно право да бидат еднакви во изборот на работни места.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Бернс рече дека инвестирањето во јакнењето на жената значи инвестирање во иднината.

„Нашата цел треба да биде ниту еден талент, идеја или напор да не бидат отфрлени или залудно потрошени само затоа што доаѓаат од жени, а не од мажи. Предизвиците со кои се соочуваат нашите економии и општестват бараат ангажман и идеи од жените“, рече Бернс.

Мора, додаде амбасадорката, да го промениме ставот кој е присутен дури и кај младите жени и девојките кои можеби мислат дека професии како наука, технологија, енергетика, инжинерство… не се за нив.

„Се надевам дека ова ќе се промени, а оти тие во борбата за таквата промена ќе ја добијат поддршката од нивните учители, ментори, родители и од целото општество“, истакна Бернс.

И Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, смета дека родовата еднаквост не е важно прашање само за жените, или само за мажите.

Тоа, рече, е важно прашање за општеството, но и за бизнисот, затоа што бизнисот не може да си дозволи да остави една половина од популацијата и човечките ресурси настрана и да не ги користи.

„Се обидуваме да го намалиме овој јаз меѓу мажите и жените и да се обидеме да обезбедиме многу пофер и балансирана околина во бизнис секторот за мажите и жените“, рече Петер.

Христина Спасевска, професор на Електротехничкиот факултет и претседателна Асоцијацијата на здруженијата на инженери, вели дека сите направени истражувања и анализи на податоците покажуваат дека жените се добри студенти, завршуваат факултети, дури и напредуваат научно, но оти кога станува збор за добивање топ позиции во компаниите тоа многу ретко се случува.

„Нашата идеја е да се работи токму со нив да се окуражат и да пробаат да си ги заземат местата кои им следуваат по квалитет“, рече Спасевска.

Според неа, анализите покажале и дека во земјите што припаѓаат на постсоцијалистичкиот блок балансот помеѓу мажите и жените на позиции е подобар за разлика од високо развиените демократски општества.

Дводневната конференција се одржува под мотото „Здружени лидери за унапредување на родовата еднаквост“ и ќе вклучи учесници од различен профил, меѓу кои извршни директори, сопственици, претседатели, менаџери и жени вработени во сите организациски нивоа на домашни и меѓународни компании, како и студенти и активисти.

актуелно конференција Општества
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.