Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да се меша во изборите во Велика Британија.
Трамп претходно изјави дека Корбин, ако стане премиер, ќе биде „многу лош“ за Британија, пренесе Ројтерс.
„Трамп се обидува да се меша во изборите во Обединетото Кралство за да може неговиот пријател, актуелниот премиер Борис Џонсон, да биде избран“, наведе Корбин на Твитер.







