Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коѕијас во четврток доаѓа во Скопје со спогодба за името
Македонија

Коѕијас во четврток доаѓа во Скопје со спогодба за името

март 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Околу 55 параграфи, со сите отворени прашања, сместени на 20 страници, ги содржи грчката нацрт-предлог спогодба меѓу Македонија и Грција, соопшти грчкото радио „Атина 984“.

Нацрт предлогот е подготвен од грчкото МНР, опширно разгледан меѓу премиерот Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, а ги содржи точките што ги најави и самиот шеф на грчката дипломатија.

Во однос на имињата што се вклучени, радиото во текстот коментира дека Горна Македонија, е „фаворит“ за Атина, но без превод, „нешто што многу тешко ќе биде прифатено од другата страна“.

Судејќи според информациите во грчките медиуми од изминатиот период, Грција не само што преферира името да биде непреведено, туку и да биде слеано, напишано во еден збор.

Друга точка од грчките барања е и промена на Уставот, нешто што го споменува и новинарката од радиото на општина Атина.

„Прашањето за промена на името како и други теми што се однесуваат на Уставот на соседната земја за негова промена е едно од основните барања на Атина како „гаранција“ за имплементација на ерга омнес за употребата на новото име, односно да биде и за внатрешноста и за надвор. Уставната промена бара мнозинство во Собранието на ПЈРМ, нешто што го нема владината коалиција на СДСМ и албанската ДУИ – објавува радиото „Атина 984“.

Новинарката коментира дека постојат контрадикторни информации за тоа дали нацрт спогодбата е доставена до македонската страна или не. Во грчките медиуми, за време на викендот се појавија информации од американски извори дека Атина веќе го испратила предлогот.

„Според некои информации грчките предлози веќе се испратени од 12 март, додека, пак, според дипломатски извори од ПЈРМ, се уште не е испратена нацрт спогодбата, која што, како што велат, ја очекуваат со пристигнувањето на грчкиот министер за надворешни работи во четврток. Сепак, критично е дали ќе има навистина напредок во разговорите што ќе ги има Коѕијас со неговиот колега Димитров во пресрет на средбата со специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, планиран за 27 март, повторно во Виена – објавува Атина 984.

Во однос на информациите во грчките медиуми од изминатите денови, дека нацрт спогодбата е доставена до Македонија, македонски дипломатски извори велат дека грчките предлози не се пристигнати и очекуваат нив да ги достави самиот Коѕијас при неговата посета на Скопје.

За 27 март, објавен во македонските и грчките медиуми, како датум кога ќе се одржи новата средба на шефовите на дипломатиите со медијаторот Нимиц, не постои официјална потврда ниту од Скопје ниту од Атина.

Патувањето на шефот на грчката дипломатија во Македонија, со лет директно од Атина за Скопје, веројатно ќе биде на 22 март, а радиото „Атина 984“ коментира дека тогаш одново ќе започнат критичните разговори за решавање на разликите околу името.

„Дипломатски извори во Атина, изразуваат загриженост во пресрет на средбата на двајцата министри следниот четврток во однос на она што се чини дека го изјавил министерот за надворешни работи на соседната земја разговарајќи со европски функционери. Господинот Димитров, според информациите се чини дека ги карактеризирал „апсурдни“ некои од грчките позиции, јавува грчкото радио на официјалниот сајт.

актуелно амкедонија Атина димитров медиуми пјтм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.