Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коѕијас: Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме
Македонија

Коѕијас: Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме

јануари 22, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Блиску сме до одредени прашања за решение, а разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме, смета шефот на грчката дипломатија и вели дека е потребно дополнително да се разработат одредени прашања за да се зборува за конкретен временски рок за решение.

Говорејќи пред грчките новинари во Брисел, по Советот за надворешни прашања на ЕУ, Никос Коѕијас, ги коментира и последните случувања во македонско – грчките односи, но и вчерашните демонстрации во Солун.

– За временски рок потребно е да има уште разработка. Блиску сме до одредени прашања за решение. Мислам дека одредени теми за кои ќе се разговара во среда на 24 јануари во Давос, ќе покажат каде се движиме – вели Никос Коѕијас, во однос на тоа дали постои временска рамка за решение, а паралелно отфрла секаков вид на притисок врз Атина или мешање од трети страни.

– Никој не не притиска, ниту пак дозволуваме некој да не притиска. Се разбира, грчката дипломатија го користи притисокот што го има другата страна за да се отвори нејзината европска перспектива. Ова нас не не притиска – коментира министерот за надворешни работи на Грција.

Според Коѕијас, преговорите што се водат меѓу двете земји за името биле олеснети со фактот што Европејците и Американците сфатиле дека не треба да се мешаат.

Министерот за надворешни работи на Грција, за грчките дописници во Брисел рече дека официјална Атина нема да дозволи Македонија да се интегрира во НАТО доколку не се задоволат потребните услови и ако не се реши прашањето за името, а потенцираше дека во минатото не постоело вето, туку за проширувањето на северно атлантскиот потребен е консензус.

Прашан за вчерашниот протест, шефот на грчката дипломатија вели дека тоа демократско право на граѓаните, не влијае на преговорите за името, а во истиот контекст го споменува и иредентизмот.

„Одѕивот на протестот беше израз на демократското функционирање на државата, беше израз на агонијата на многу Грци кои понекогаш погрешно, преговорите за името ги идентификуваат со судбината на грчката Македонија и беше еден протест кој дополнително ги развива облиците на јавна дебата. Но, мислам дека нема влијание во преговорите за името и во иредентизмот на соседната земја.

„Што се однесува на иредентизмот, очигледно е дека секој израз што го осудува иредентизмот, дејствува поддржувачки. Во однос на името , тоа ќе го решиме врз база на идните перспективи на стабилност во регионот, улогата на грчката дипломатија и потребата нашата земја да игра една водечка улога во регионот , рече Никос Коѕијас.

актуелно американци амкедонија Атина Грција дипломатија европејци коцијас НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.