Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кој кому е слуга? Ние на министрите, или, пак, министрите нам!?
Коментар

Кој кому е слуга? Ние на министрите, или, пак, министрите нам!?

март 21, 2022Updated:март 21, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најнапред, кратко, за етимологијата на зборот.

Minister на латински значи слуга, некој кој му служи (на народот). Prime-minister, е првиот слуга (на народот). Зборот доаѓа од minus, што значи помалку. Значи, тие се нешто помалку, а не нешто повеќе од нас, обичните смртници.Барем, така би требало да биде.

Народот, пак, е во пораво и кога греши. Така рече тогашниот лидер на СДСМ, драгото лице Б.Ц, кога, во 2008-та, ги загуби парламентарните избори, откако „жабата го прегази шлеперот!”.

На партиите, за народот им текнува само пред избори. Доека, пак, министрите, откако ќе им ги обезбедиме гласовите, преку ноќ, забораваат на слуганството, се однесуваат како млади ведетеи – почетнички. Веднаш не загосподаруваат, се однесуваат според поговорката за огинот: „добар слуга, а лош господар!”.

„Дали слободата ќе запее некогаш, како што потчинетите пеат за слободата”? Да го ставиме тоа во актуелниот, глобален контекст.

Актуелниот шеф на украинската држава, Володимир Зеленски,над чиј лик, аплициран на скапите заглавја, денеска, спијат мирно европските дами, дојде на власт на флоскулата: „слуга на народот“. Партијата што ја предводеше – Партија на одлучувачки промени, во очи на изборите во Украина, ја преименува во Слуга на народот, баш, според насловот на хит телевизиската серија „Слуга на народот”. Победи на изборите, замислената функција од серијата – претседател на Украина, стана реалност. Одтука наваму, се ви е познато.

Сега, нешто поконкретно за нашите „слуги на народот!”. На еден конкретен пример.

Граѓаните кои избрале министри, очекуваат тие да ги решаваат нивните проблеми, да бидат во нивна услуга, да ги подучуваат (нели тие избраните, се најдобрите !?), да им помагаат, дури и кога граѓаните грешат, како што глаголеше лицето Б.Ц.

Минатата година, добар дел од граѓаните, како физички, или, пак, правни лица, аплицираа по Конкурсот на Министерството за култура за финасирање проекти од општ, национален интерес. Доскорешната министерка, за да биде во тек со Е – управата, аплицираше реформа во форма на електронско аплицирање.

Речено – сторено, многумина аплициравме по тој терк. Од министерството, барем ние што проверивме, ни беше речено дека апликациите се примени – ОК.

Минуваа денови, минуваа месеци, заврши старата, влеговме во новата година, ја презимивме и зимата, влеговме и во поролетта мартовска. Во меѓувреме, на местото на старата, дојде нова госпоѓа министерка. Со нејзе дојдоа и резултатите од Конкурсот.

Министерката рече дека ќе има многу незадоволни од нив. Меѓу незадоволните се и оние, кои добија „сиктер-решенија!”, со образложение дека „проектите ги поднеле на несоодветен образец“!!!???

Министерката, сеедно, дали се распрашала кај оние кои и ги подготвиле решенијата, или не, бирократски – формално е во право. Така велат лаиците, но, не и правниците.

Таа е сега господар на културата, а не нејзин слуга! Ако била слуга на оние кои поднеле апликации, требала да ги праша потчинетите (а ги има со лопата да ги црпиш!), дали, претходно, ги контактирале апликантите, дали им објасниле дека пријавата е на образец А и дека треба да се префрфли на обрацец Б?

Ако ги контактирале, тогаш е ОК. Ако не ги контактирале, не ги посоветувале, не им помогнале, нели, како нивни слуги, и тогаш „ништо од бизнисот (културата!)”.

Културата се гради во нејзината суштина, а не во нејзината форма. Како може, еден проект, нели, од национален интерес, да се одбие, само затоа што е поднесен на образец А, а не на образец Б? А, тоа можело да се примени со еден клик – во интерес на суштината на културата, а не во интерес на формата, односно бирократијата!

За прв пат се аплицираше на овој начин. Апликантите и армијата вработени, или, пак хонорарно ангажирани лица, во оваа „реформа!” требаше да влезат заедно и заедно да ја истуркаат. А не, едните и другите да се чекаат и „начекаат!” на првата кривина. Културата, проектите, добар дел традиционални (претходно финасирани и од Министерството), не се прашање на изговор. Ако е така, тогаш која е функцијата на самото Министерство. За што и за кого тоа постои?

Консултиравме и адвокати. Тие ја отфрлаат и самата форма, односно изговорот на Министерството. Министерството е јавен орган и како таков е должно, согласно позитивните законски прописи, „странките во постапката да ги предупредува за правните последици од нивните дејаствија, или пропусти”.

Очигледно, некој, таму, изнашол најлесен начин да се изживува со некого. На некого да закинува, на некого да додава.

На ова министерство не му е за прв пат да биде под жестока критика на јавноста. Дури се поништувале и конкурси, по реакциите.

Владата треба ова да го стави на преиспитување. Не е доволна правната поука: “жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен”. Уште, и со претходна ограда: “жалбата не го одлага” решението на министерката.

Владата може да се соочи со проблем. На овој начин оштетените странки, сега се организираат и, преку адвокат, ќе побараат правна помош и заштита низ судски постапки. Треба само да заврши формалноста и да се сочекаат решенијата на комисијата која ќе одлучува по жалбите од постапката во втор степен.

 

Веле Митаноски

Веле Митаноски култура министерство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Хамнеи, мртов е поопасен!

март 2, 2026

Мртовиот Епштајн ги потресува живите!

февруари 9, 2026

Европа бара дијалог со Русија, Канада во стратешко парнерство со Кина

јануари 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.