Првите натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампиони на „Алијанц арената“ Баерн после пресвртот и промашениот пенал го загуби мечот од Реал Мадрид – 1:2, а на стадионот „Винсенте Калдерон“ домаќинот Атлетико славеше против Лестер со голот на Гризман во 28 минута од белата точка.
Во Минхен, каде што ученикот го совлада професорот, беше многу повозбудливо отколку во Мадрид.
Екипата на искусниот Карло Анчелоти поведе со голот на Видал во 25 минута – 1:0.
На самиот крај на првото полувреме топката го погоди Карвахал во раката и судијата покажа на белата точка. Единствениот стрелец до тогаш Видал го изведе казнетиот удар и промаши цел гол.
По враќањето од одморот екипата на Зинедин Зидан беше помотивирана и поподготвена за славје.
Реал до пресвртот дојде со головите на Кристијано Роналдо во 47 и 77 минута.
Баерн на крајот на натпреварот се бранеше. Серхио Рамос уште еднаш им ја затресе мрежата но беше во офсајд.
Реванш средбите се на програмата на 18 и 19 април.







