В недела 38-ми пат ќе се одржи познатиот Лондонски атлетски маратон (првата трка беше во март 1981 година) на кој се очекува да настапат околу 40.000 луѓе.
Официјалниот почеток на годинашниот маратон (стартот е во близината на Гринич, а целта во центарот на Лондон, во близината на Бакингемската палата) ќе го означи никој друг, туку кралицата Елизабета Втора од дворецот во „Виндзор“, со притискање на копчето од специјално направениот подиум.
Кралицата ќе го означи почетокот на годинашниот маратон во чест на одбележувањето на 110-годишнината од олимпискиот маратон во 1908 година кога исто така од замокот Виндзор, знак за почеток дала нејзината баба, тогашната принцеза Мери.
Од познатите маратонци се очекува да настапат славниот британски атлетичар, Мо Фарах, ланскиот победник Кениецот, Даниел Ванјиру, како и легендарните Кенениса Бекеле и Елуид Кипчоге, но и многубројни славни и познати личности.







