Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КРАЛСКА ПОСЕТА: Чарлс Трети пристигна во тридневна посета на Германија
Европа

КРАЛСКА ПОСЕТА: Чарлс Трети пристигна во тридневна посета на Германија

март 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британскиот крал Чарлс Трети пристигна вчера во Германија, во својата прва странска посета во својство на монарх, а во Берлин беше пречекан со воени почести пред Бранденбуршката порта, каде што го поздрави неговиот домаќин, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

После краткиот разговор со граѓаните, Чарлс Третисе упати кон претседателската резиденција, дворецот Белви, на разговори со германскиот претседател и претставници од политиката, науката и бизнисот на тема „енергетска транзиција и одржлив развој“.

Пред мноштво насобрани, британскиот крал е првиот државен гостин кој некогаш бил пречекан со воени почести пред берлинската знаменитост.

Британскиот крал и неговата сопруга пред тоа на аеродромот во Берлин беа пречекани со топовски салва, после што се упатија кон центарот на градот.

За време на тридневниот престој Чарлс Трети треба да се сретне и со германскиот канцелар Олаф Шолц, во четврток, и, делумно на германски јазик, да се обрати пред во парламентот, во Бундестагот.

Во рамките на програмата, британскиот крал треба да ги посети британските војници во Бранденбург и да направи обиколка на кампот за украинските бегалци, а во петок заедно со германскиот претседател да го посети Хамбург.

Ова е прва посета на Чарлс Третиво странство. Како прво одредиште беше планирана Франција, но посетата е одложена поради немирите што ја тресат оваа земја последниве денови.

Во пресрет на посетата на Чарлс, историчарите ги нагласуваат повеќекратните врски на британското кралско семејство со Германија, од која потекнува династијата Виндзор.

Пра-прадедото на Чарлс, принцот Алберт фон Саксен-Кобург, сопруг на британската кралица Викторија, според британскиот историчар Нил Мекгрегор е голем пример за актуелниот британски крал.

„И предците на Чарлс беа ориентирани кон Германија како симбол на модерното“, рече Мек Грегор.

Династијата Виндзор се до 1917 година се нарекувала Заксен-Кобург-Гота, но поради антигерманското расположение во 1917 година заради Првата светска војна, кралот Џорџ Петти го сменил името на династијата.

Германските медиуми посветија големо внимание на посетата на британската кралска двојка, која, според најавите, ќе биде следена на секој чекор од престојот во Германија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс / Анергет Хилсе)

актуелно берлин британија германија крал монарх чарлс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.