Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Крај на ерата на Ангела Меркел: Стартува „семафор“ Владата
Европа

Крај на ерата на Ангела Меркел: Стартува „семафор“ Владата

декември 8, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денешниот датум и официјално го означува заминувањето на Ангела Меркел од функцијата канцелар во Берлин, по четири последователни мандати и 16 години на кормилото на државата. Два и пол месеци по сојузните парламентарни избори во Германија, оваа земја доби нова владејачка коалиција, предводена од социјалдемократот Олаф Шолц. На Меркел и престанува и обврската технички да ја води владата.

Во понеделникот вечерта, од своите најблиски соработници во Кабинетот доби букет цвеќе и шише сортно вино. Многу новинари кои ја следеа за време на извршувањето на највисоката државна функција, прокоментира дека „нејзиниот тим можел да се сети на пооригинален подарок по повод заминувањето“.

Таканаречениот семефор кабинетот на Шолц, освен неговите „црвени“ социјалдемократи, ќе го сочинуваат и „жолтите“ либерали и Партијата на зелените. Покрај 15-те министри, во владата ќе има и човек задолжен за организација на работата на кабинетот, некој вид државен секретар, Волфганг Шмит. Најмногу ресори, шест, и припаднаа на Социјалдемократската партија (СПД), вклучувајќи го и Министерството за одбрана, на чие чело е Кристин Ламбрехт, трета дама, после двете претходнички од редовите на демохристијаните, Урсула фон дер Лајен и Анегрет Крамп Каренбауер.

СПД го доби и здравството, најчувствителниот внатрешен ресор во пандемијата со корона вирус, кој либералите и Зелените успешно го одбегнаа како „врел компир“. на негово чело ќе биде угледниот епидемиолог Карл Лаутербах. Дама, за првпат, ќе биде на чело на Министерството за внатрешни работи – Ненси Фезер.

Зелените, кои го добија еден од најделикатните ресори, надворешната политика, а ќе ја води кандидатката за канцелар, Аналена Бербок, имаат пет министерства, а на чело на три од нив ќе бидат жени. Освен Бербок, тука се и Штефи Лемке (екологија) и Ане Шпигл (семејство). Германецот од турско потекло Џем Оздемир е задолжен за земјоделие, а потпретседателот на Зелените, Роберт Хабек за стопанство и клима.

Либералите поминаа со најмалку ресори, четири, но нивниот лидер Кристијан Линднер ќе биде министер за финансии. од него, не само партиските колеги, туку и повеќето Германци очекуваат многу, а пред се, „пополнување“ на дупките кои, во инаку стабилниот финансиски систем ги направи пандемијата со корона вирусот.

Германските демохристијани, после деценија и пол, станаа опозициска партија. Многу меѓу нив, особено младите политичари, се залагаа за тоа, после изборниот дебакл, оваа партија да се повлече од власта, односно, да ја одбие секоја можност да се најде во кабинетот на Шолц.

„Треба да се престроиме до новите избори, а во меѓувреме, да ја критикуваме власта“, порачуваат од Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

 

 

 

 

(Фото: АП)

актуелно ангела меркел германија коалиција Олаф Шолц семафор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.