Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кукан во интервју за МИА: Направивте сè што побара ЕУ, треба да добиете датум во октомври
Македонија

Кукан во интервју за МИА: Направивте сè што побара ЕУ, треба да добиете датум во октомври

септември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вие направивте сè што ЕУ побара од вас и може да имате позитивни очекувања за датум во октомври. Лично сметам дека Северна Македонија ќе добие датум за почнување на пристапните преговори. Чекавте на овој момент предолго, истакнува во интервју за МИА, Едуард Кукан, кој во јули годинава по 10 години поминати во Европскиот парламент ја напушти европратеничката функција.

– Мислам дека ова е најважното прашање на кое одговор очекуваат не само граѓаните овде во Северна Македонија, туку и многу други политичари низ Европа. Веќе не сум член на ЕП и затоа можам многу поотворено да зборувам. Чекавте на овој момент предолго, апсолутно е неверојатно да бидете земја кандидат 12-13 години и дури сега да добиете датум. Но, да не се враќаме назад во историјата. Вие исто така имавте некои проблеми. Да заклучам, сметам дека вие направивте сè што ЕУ побара од вас, со цел да добиете датум за преговори. Тоа беше кажано од многу политичари кои ја посетија вашата земја, меѓу кои и од Доналд Туск, како и многу други важни шефови на влади кои рекоа дека Северна Македонија заслужува датум, вели Кукан запрашан како ги оценува изгледите на октомврискиот самит на Европскиот совет да добиеме датум за старт на пристапните преговори.

Тој е оптимист, но сепак, како што посочува, гледано од неговото животно искуство, ќе поверува во тоа само кога ќе се случи.

– Затоа да почекаме да видиме. Но, Северна Македонија го заслужи датумот поради развојот на настаните на внатрешен план и сите работи што ги направивте што беа неопходни за да добиете датум. Верувам дека денот кога ќе добиете информации од Брисел ќе славите, истакнув Кукан.

Тој не се согласува со ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека прво треба да се реформира ЕУ однатре, а потоа да продолжи проширувањето, но во последните изјави на Макрон забележува омекнување на неговите строги ставови.

– Тоа не би било фер кон вас кои завршивте толку многу работа, а сега одеднаш да се каже – ќе ве ставиме настрана за да се занимаваме со наши прашања. Многу луѓе, исто така, не го делат францускиот пристап и сметам дека тој нема цврсто да се држи за таквиот став. И би било срамота ако се усвои реформската агенда, а проширувањето се одложи. Не сметам дека оваа француска агенда ќе биде прифатена од другите земји членки. Иако за одлуки во ЕУ е потребен консензус, се надевам дека Франција ќе ја смени својата позиција, а знам и дека многу ваши политичари се обидоа на нивните француски колеги да им објаснат и да ги убедат колку е важно проширувањето не само за вашата земја туку и за целата ЕУ. Ако ние не го направиме тоа, ќе го изгубиме нашиот кредибилитет, и веќе почнавме да го губиме бидејќи ние побаравме од вас резултати, вие испорачавте, и кога дојде редот на нас се повлекуваме. Не смееме да си играме со ваквата политичка одговорност на ЕУ, вели Кукан.

Едуард Кукан, кој беше дел од тројката европратеници задолжена за нашата земја, во врска со законото за ЈО и борбата против корупцијата, вели дека тоа се многу важни прашања кои ЕК ги следи со особено внимание. Би било добро, вели Кукан, законот за ЈО да биде дноесен пред 16 октомври, кога ќе заседава Европскиот совет и кога се очекува одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

– Знам дека вашите политичари се вклучени и многу заинтересирани за ова и дека не се лесни прашања, но имајќи ја предвид ситуацијата во земјата и нејзината амбиција да го добие датумот за старт на преговорите, сметам дека сите треба да бидат свесни за факторот време, затоа што тајмингот е многу важен, нагласува Кукан.

За тоа што треба земјата да направи за да испорача резултати во областа на корупцијата и кој е неговиотот став за случајот „Рекет“, словачкиот експерт за Балканот подвлекува дека ова е уште една тема која многу внимателно се следи од ЕУ и ЕК и оти земјите се оценуваат не само според тоа колку добро е усвоеното законодавство, туку според решени конкретни случаи на корупција.

– Потребни се конкретни резултати, а не теоретски дебати. За случајот „Рекет“ сите ваши политичари велат дека е многу важно да се реши брзо и на вистински објективен начин, но и тука повторно ЕУ очекува да види конкретни резултати, а политичката одговорност за тоа е на вашите лидери, вели Едуард Кукан, кој е поранешен шеф на словачката дипломатија, во интервјуто за МИА што наскоро ќе биде објавено во целост заедно со видеоматеријалот од разговорот.

Посетата на Кукан на Скопје е по повод Третата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во РСМ, која е поддржана и од SlovakAid (словачка поддршка за развој која ја координира словачкото Министерство за надворешни и европски прашања), која ќе се одржи денеска, а фокусот на сесијата е борбата против корупцијата.

 

актуелно Интервју Кукан миа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.