Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кукан и Флекенштајн: Референдумот е историска шанса за евроатлантските аспирации на Македонија
Македонија

Кукан и Флекенштајн: Референдумот е историска шанса за евроатлантските аспирации на Македонија

септември 21, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европарламентарците Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан денеска во Скопје им порачаа на граѓаните да кажат „да” на претстојниот референдум, нагласувајќи оти од тоа зависи европската интеграција на земјата. Тие денеска на прес-конференција во Скопје напоменаа дека спорот е препрека за интеграцијата на земјата, бидејќи одлуките во Унијата се носат консезуално.

„Ако не се надмине спорот со Грција тоа значи дека и во иднина ќе го имаме истиот проблем. Знаете дека сите земји-членки треба да се согласат за да се донесе одлука. Имавте спор со Грција, сега постои можност тој да биде конечно решен и ќе бидеме многу задоволни ако тоа се случи. Ќе биде послесно за сите, да се забрзаат работите и затоа барам да кажете да“, рече Флекенштајн, одговарајќи на новинарско прашање на што доколку референдумот не успее.

Кукан осврнувајќи се на истото прашање рече дека не размислуваат на план Б.

„Не размислуваме за план Б. Размислуваме за план А, дека резултатот од референдумот ќе биде позитивен и ќе го отвори патот на Македонија кон ЕУ“, се надоврза Кукан.

Двајцата европарламентарците претстојниот референдум го означија како историски момент, со кој се отвора можноста позитивно да се влијае врз европските и евроатлатнските аспирации на Македонија.

„Граѓаните да земат учество на референдумот и да го искористат своето право да гласаат поради важноста што ја има овој референдум“, рече Кукан и додаде тие имаат целосно право да бидат информирани за тоа какво влијание ќе има нивниот глас.

Кукан нагласи оти уставно право на секој граѓанин е како ќе се изјасни и додаде дека одлуката е на граѓаните на Македонија.

Флекенштајн истакна дека исходот од референдумот ќе ја одреди иднината на земјата, на граѓаните, семејствата, идните генерации.

„Ве замолувам одете и гласајте, не кажувајте дека не ви е грижа. По 27 години имате шанса следната година да почнете преговори со ЕУ“, нагласи тој.

Кукан напомена дека освен референдумот за интегрирањето во ЕУ Македонија мора да испорача и видливи резултати, со што на Европската комисија ќе и се овозможи да препорача датум за почеток на преговорите.

„Општите правила важат за сите, за секоја земја-кандидат и вообичаено заклучоците секогаш се темелат на реалните резултати, кои ги испорачува земјата. Во последната одлука на Европскиот совет се вели дека Македонија и Албанија добро напредуваат и доколку продолжи ваквиот развој на настаните сметаме дека во јуни следната година ЕС може да донесе позитивна одлука“, нагласи Кукан.

Тој всушнот одговори на новинарско прашање во врска со тоа дали претстојните избори за Европскиот парламент, во мај следната година би влијаеле врз одлуката за почеток на преговорите.

„Сметам дека тоа нема драстично да влијае на идните случувања. Идните заклучоци ќе се темелат на тоа како вие ќе ги исполните вашите домашни задачи“, додаде тој.

Флекенштајн се надоврза дека референдумот е важен, но оти реформите се исто така мошне битни.

„Сакаме да го забрзаме процесот и тоа значи оваа Влада треба да испорача реформи, од друга страна потребно е и ние да ја сработиме нашата домашна работа, да ја реформираме ЕУ. И нашите гласачи се плашат дека Унијата нема да може да функционира со уште членки, доколку не се реформира. И ние треба да се подготвите за заедничката иднина“, додаде тој.

Европарламентарците изразија задоволство од подготвеноста за учество во процесот Жан Моне од страна на сите парламентарно претставени политички партии. Посочија дека следната рунда на дијалогот е планирана за декември и јануари.

 

МИА

актуелно Грција ЕУ Кукан македонија НАТО Флекенштајн
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.