Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кулоглу бара одговори од Могерини за азилот на Груевски
Македонија

Кулоглу бара одговори од Могерини за азилот на Груевски

ноември 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дали ќе се побараат одговори од Унгарија за дадениот азил на Груевски, а доколку ставот на Будимпешта покренува прашања, кои чекори ќе се преземат за земја членка на унијата да не го попречува функционирањето на правдата во земја кандидат, се прашањата кои европратеникот од СИРИЗА, Стелиос Кулоглу ги достави до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, во врска со одобрениот азил од Унгарија за поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

„Се разгледува можноста да се побараат објаснувања од Унгарија за причината поради која му даде политички азил на господинот Груевски? Дали позицијата на Унгарија покренува прашања, а доколку е така, кои се следните чекори што планирате да ги преземете со цел да не може држава- членка да ја попречува работата на правдата во земја кандидат за членство?, се прашањата кои Кулоглу ги поставува до Могерини.

Европратеникот од СИРИЗА, потенцира дека владеењето на правото е фундаментална вредност и за земјите членки и за земјите кандидати за членство и додава дека „премиерот Виктор Орбан и покрај одлуките на ЕУ, не прима баратели на азил“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Ова, очигледно не важеше во случајот на господинот Груевски, кој е осуден за сериозен криминал. Владеењето на правото останува фундаментална вредност како и за државите членки, така и за кандидатите за членство.

Унгарија ја поддржува интеграцијата на ПЈРМ во ЕУ, но како што се чини, не смета дека земјата е безбедна, давајќи му азил на Груевски, пишува Кулоглу во дописот со прашањата до Могерини.

актуелно Атина ЕУ пјрм Сириза
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.