Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КФОР ги повика Приштина и Белград да преземат одговорност за состојбата во северно Косово
СВЕТ

КФОР ги повика Приштина и Белград да преземат одговорност за состојбата во северно Косово

мај 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, побара од надлежните во Косово и Србија да преземат одговорност за создадената ситуација во северот на земјата и повика да се спречи натамошната ескалација на состојбата, јави МИА од Приштина.

Во соопштение за медиумите по повод вчерашните протести на локалните Срби во општините со мнозинско српско население, КФОР наведува дека успеал да ги отстрани заканите по животот на граѓаните во тој дел од Косово.

„Со цел да се избегне судир меѓу страните и да се минимизира опасноста од ескалација, мировниците на КФОР ги спречија заканите по живот на косовските Срби и Албанци. Обете страни треба да ја преземете целосната одговорност за тоа што се случи и да спречите натамошна ескалација, наместо да се криете зад лажни приказни, им порача КФОР на Приштина и Белград.

Во соопштението се наведува дека во текот на вчерашниот ден 30 војници се повредени во општина Звечане, како последица на насилството на српските демонстранти. Во протестите 11 италијански војници и 19 од унгарскиот контингент се здобиле со повеќекратни повреди, меѓу кои со скршеници и изгореници од запаливи и експлозивни средства. Нивните повреди, наведува КФОР, не се опасни по живот.

„Мисијата на КФОР предводена од НАТО го зголеми своето присуство во четирите општини во северно Косово, со цел да се намали опасноста од ескалација откако новоизбраните градоначалници се обидоа да ја преземат должноста. Трупите на КФОР подоцна беа нападнати од масата која стануваше сè поагресивна. КФОР секогаш дејствува решително и умерено, во рамки на Стриктните правила на ангажирање (РОЕ). Во овој случај тој одговори на неиспровоцираните напади на една насилна и опасна маса, извршувајќи го мандатот доверен од ООН на непристрасен начин, се вели во соопштението.

КФОР напоменува дека командантот на мисијата, генерал-мајор Ангело Микеле Ристуќа, лично го следи развојот на настаните.

„КФОР ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки за да обезбеди безбедно окружување и слободно движење за сите заедници во Косово, согласно неговиот мандат заснован на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН од 1999 година, се вели во соопштението.

Голем број косовски Срби вчера протестираа против новоизбраните градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население Северна Митровица, Звечане, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Новите градоначалници во петокот положија заклетви и влегоа во нивните општинските згради обезбедувани од голем број припадници на специјалната полиција.

На вонредните локални избори на 23 април годинава, кои Србите ги бојкотираа откако претходно минатиот ноември ги напуштија централните и локалните институции, победија кандидатите на партиите на етничките Албанци, но со исклучително ниска излезност на граѓаните со право на глас.

актуелно Белград КФОР одговорност приштина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.