Именуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претставувајќи ја програмата на новата Европска Комисија, порача дека вратата на ЕУ останува отворена за земјите од Западен Балкан.
„Треба да им покажеме на нашите пријатели од Западен Балкан дека споделуваме ист континент, иста историја, иста култура и ја делиме истата судбина. Нашата врата останува отворена“, рече Фон дер Лајен.
Таа истакна дека е задоволна што нејзиниот тим има искусни дипломати како Жозеп Борел и Оливер Вархелји, кои ќе ги промовираат и штитат интересите на ЕУ и ќе ги поддржуваат партнерите на ЕУ.