Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лига на нациите, ново фудбалско натпреварување
Фудбал

Лига на нациите, ново фудбалско натпреварување

јануари 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската фудбалска унија го претстави денес новото натпреварување на репрезентации наречено Лига на нациите, кое треба да почне во 2018 година.

УЕФА натпреварувањето го претстави на заседанието на својот Извршен одбор во Нион и оцени дека тоа ќе ги замени скоро сите пријателски натпревари.

Во Лигата на нациите ќе учествуваат 55 репрезентации, кои ќе бидат поделени во четири квалитативни групи (А,Б,Ц,Д), а секоја од нив во дополнителни три до четири подгрупи со по три или четири репрезентации.

Во најсилниот ранг ќе учествуваат 12 репрезентации поделени во четири групи, чии победници ќе изборат пласман на завршниот турнир на Лигата на нациите во 2019 година.

Групите ќе се пополнуваат врз основа на ранг листата на УЕФА од ноември оваа година.

Најдобриот од секога група ќе се сели во повисок ранг, а најслабите ќе одат во понизок, додека четирите најдобри екипи од Лигата на нациите ќе изборат директен пласман на Европското првенство во 2020 година.

„Подмладувањето на репрезентативниот фудбал дојде од желбата на УЕФА, особено од нејзиниот претседател, да го унапреди квалитетот и угледот на репрезентативниот фудбал. Сојузите, тренерите, играчите и навивачите се повеќе мислат дека пријателските натпревари не донесуваат адекватно натпреварување на националните тимови“, наведе меѓу другото УЕФА во образложението на оваа одлука.

Натпреварите по групи во Лигата на нациите ќе се играат во септември, октомври и ноември 2018 година, во веќе постоечките репрезентативни термини.

Секоја репрезентација би играла по два натпревари, еден во квалификациите за ЕП, а вториот во Лигата на нациите.
ЕП 2020 ќе се игра по прв пат во 13 градови во различни држави во Европа и на тој начин ќе се одбележи 60-годишнината од ова натпреварување.

Натпреварите ќе се играат во Амстердам, Баку, Билбао, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Даблин, Глазгов, Копенхаген, Минхен, Рим и во Санкт Петербург.

Полуфиналето и финалето ќе се играат на лондонски Вембли.

Лига на нациите репрезентации УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

ФК Вардар ќе плати 3500 евра казна за недоличната прослава

мај 20, 2026

Фермин: Звучи како клише, но има уште натпревари до крајот на сезоната

април 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.