Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на чекор до влез во главната ждрепка на Австралија опен, откако во вториот меч од квалификациите во Мелбурн ја победи Унгарката Далма Галфи.
Ѓорческа ја декласираше Галфи, 160-та тенисерка на светот со 2-0 во сетови (6-1, 6-1).
Во првиот сет Ѓорческа го заврши за само 26 минути, одземајќи ѝ го сервисот во два наврати на некогашната јуниорска победничка на УС Опен, Галфи.
Со доминантен тенис Ѓорчевска и во вториот сет.
При 1-1 направи брејк и рутинирано го заврши мечот, добивајќи го вториот сет со 6-1.
Во третото и последно коло од квалификациите противник на Ѓорческа ќе биде поуспешната од швајцарскиот дуел Фогел – Садиковиќ.







