Долгогодишниот пратеник на лабуристите Линдзи Хојл е избран вчера, доцна вечерта, за нов претседател на долниот дом на парламентот на Велика Британија.
Во последниот, четврти круг од гласањето Хојл доби 325 гласови, додека неговиот противкандидат Крис Брајант, исто така лабурист, го поддржаа 213 пратеници, пренесе Би-Би-Си.
Хојл, досегашниот заменик претседател на долниот дом на парламентот, вети дека по стапувањето на должност ќе биде неутрален и транспарентен“ претседател на парламентот.
Изборите се организирани затоа што досегашниот претседател на долниот дом Џон Беркоу се повлече минатата недела, после 10 години на таа функција.







