Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Личните податоци на граѓаните се чуваат во матични канцеларии кои се распаѓаат
Македонија

Личните податоци на граѓаните се чуваат во матични канцеларии кои се распаѓаат

август 5, 2019Updated:август 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стари објекти, покриви што прокиснуваат, искршени прозорци и врати, ретко кој би помислил дека во такви простории се водат личните податоци на граѓаните на државата.

А таква е сликата во голем број од вкупно 239-те месни канцеларии во кои се водат
матичните книги на родени, венчани и починати.

Најкритична е состојбата во месните канцеларии кои се под подрачната единица во Гостивар.

„Станува збор за објекти кои се премногу стари, не се одржувани, не се никогаш реновирани. Во зимскиот период матичарите се греат со огревно дрво, што, пак, предизвикува голем ризик за да дојде до несакани последици, односно да избие пожар. Во некои месни канцеларии покривите се делумно разурнати и при големо врнење на дожд или снег доаѓа до пролевање на вода во објектот“, вели Тони Милошевски од Синдикатот на Управата за водење на матичните книги (УВМК), кој додава дека има многу такви канцеларии, кои изгледаат како штали.Сликата не е ништо поразлична и во месната канцеларија во струшко Лабуништа, како и во прилепско Витолиште.

Од подрачната канцеларија во Прилеп имаат испратено и барање до Управата за водење на матичните книги за делумна санација на зградата.

„Има некои канцеларии кои самите се организираат за да ги подобрат условите за работа. Се случува матичари да бараат донации од приватни лица и фирми да помогнат во реновирање на просториите во кои работаат со цел да може да функционираат без отежнување на работата“, објаснува Милошевски.

Ваквите проблеми, според Милошевски, почнале кога од 1 јануари 2010 година, Управата за водење на матичните книги се одделува од МВР.

„Управата за водење на матичните книги, како државна институција е одделена од Министерството за внатрешни работи во 2010 година, со што, според мене, е направена голема грешка. Со самото одвојување, Управата е префрлена од објектите на МВР во други несоодветни објекти, без никаква безбедност на вработените и на документите кои се под нејзина надлежност. Јас мислам дека проблемот со безбедноста на вработените и документите на сите граѓани би бил надминат ако се вратиме под МВР“, смета претседателот на Синдикатот на УВМК.

Управата за водење на матичните книги работи преку своите осум подрачни одделенија, 26 подрачни канцеларии и 239 месни канцеларии во руралните населени места.

МИА

актуелно граѓани Лични податоци матични канцеларии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.