Фудбалерите на Челси ја освоија овогодинешната Лига на шампиони победувајќи го Манчестер сити со резултат 1:0.
Од стартот на натпреварот, Челси ја имаше контролата на играта. Манчестер сити почна офанзивно, а Челси за кусо време воспостави рамнотежа.
Се чинеше дека голем проблем ќе претставува повредата на Тијаго Силва, но влегувањето на Кристијансен донесе пресврт на теренот.
Сините од Лондон поведоа со голот на Каи Хавертс во 42 минута, и до крајот успеаја да го сочуваат резултатот.
Голем малер за „граѓаните“ се случи кога Кевин де Брујне после сударот со Ридигер мораше да го напушти теренот.
До крајот Челси ја сочува предноста и дојде до втората титула – европски првак.
Првата титула ја освоија во сезоната 2011/2012, а со оваа победа само ја крунисаа фантастичната сезона.
(Фото: МИА)