Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го победи Марин Чилиќ во последното коло од групата „Густаво Куертен“ на завршниот мастерс у Лондон – 7:6, 6:2. Србинот така го задржа максималниот учинок во досегашниот тек на турнирот и е единствен без пораз.
Со оглед на тоа дека сите полуфиналисти се веќе познати, овој меч, освен добивањето на АТП поени и парична заработка, немаше никакво значење за расплет во групата.
Германецот Александар Зверев го победи Американецот Џон Изнер (2:0) и така го обезбеди последното место меѓу најдобрите четворица тенисери на завршниот мастерс.
Новак во полуфиналето, во реприза на финалето од Вимблдон од оваа сезона, ќе игра против Кевин Андерсон, додека другата двојка ја сочинуваат Роџер Федерер и Александар Зверев.







