Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, е прв на листата на посакувани тренери на Арсенал.
Според вестите кои доаѓаат од Островот, Шпанецот ги финишира преговорите со газдата на клубот, Стен Кронке.
Кроенке не сака да ја коментира веста дека Арсен Венгер не поднел оставка туку дека е сменет и дека ќе му припаднат 12 милиони фунти на име на целиот договор кој му истекува во летото во 2019 година.







