Некогашниот тренер на Барселона, Луис Енрике, е кандидат за селектор на фудбалската селекција на Шпанија, пишува весникот „Ас“.
Енрике би требало да го замени Фернандо Иеро, кој замина после испаѓањето од Русија во осминафиналето на Мундијалот, а на тоа место беше и времено.
Иеро поднесе оставка и на функцијата спортски директор на националната екипа и место него ќе биде именуван уште еден поранешен репрезентативец, Карлос Марсено.
Енрике моментно е без ангажман, а зад него е успешен период со Барселона. Тој од 2014 до 2017 година освои две национални првенства, Лига на шампиони и три пати го освои Кралскиот куп.
Како кандидати за селектор фигурираат и Кико Санчез Флорес, Пако Хемез и Пепе Мел, но Луир Енрике има најголеми шанси.