Екипите на Рома и на Пари Сен-жермен забележаа победа на првите натпревари од осминафиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.
Рома на домашен терен го совлада Порто со 2:1.
Двоен стрелец за римјаните беше Николо Заниоло (70 и 76. минута), погодокот за португалскиот тим го постигна Адрианво 79. минута.
Голем исчекор кон четвртфиналето направи ПСЖ со гостинскиот триумф кај Манчестер јунајтед со 2:0.
Кимпембе и Мбапе во второто полувреме го погодија голот на Де Геа.
Реваншите се на 6 март.







