Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонските разузнавачи ќе се обучуваат за оперативното делување и собирање податоци
Хроника

Македонските разузнавачи ќе се обучуваат за оперативното делување и собирање податоци

декември 17, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Професионализација на вработените во Агенцијата за разузнавање како и департизација на разузнавачката заедница, е целта на новиот курс што денеска започна за вработените во Агенцијата за разузнавање, а е во организација на Факултетот за везбедност-Скопје и Агенцијата. Вработените во АР ќе се стекнат со унифицирани знаења од разузнавањето кои произлегуваат од оперативното опкружување и современите трендови.

Како што појасни професорот Марјан Ѓуровски, курсот ќе се одржува во периодот кога се искажува јасна политичка волја за длабоки реформи на безбедносната и разузнавачката заедница.

„Преку овој заеднички проект ќе придонесеме кон департизација на разузнавачката заедница, а институциите во неа да не бидат генератори туку институции кои ќе придонесуваат за безбедносните ризици. Стратешка цел е едукација на вработените во Агенцијата за разузнавање, истакна Ѓуровски.

Порача овој проект да го следат и другите институции кои работат на безбедноста и разузнавањето во државава.

Директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов нагласи дека проектот ќе помогне во основното образование за разузнавање на вработените во Агенцијата за кое според анализите што ги направиле се увидела потребата од таков вид подготовка на македонските разузнавачи.

„Увидовме дека процесот на образование е кариката која ја немавме, но не делот на стручно усовршување, туку делот на основно образование за областа во која работиме. Врз основа на анализите добивме идеја да го формираме овој курс кој ќе биде континуиран и воедно во понатамошниот период во  процесот на реформите ќе служи како филтер за потенцијални вработени во Агенцијата за разузнавање, истакна Иванов.

Со курсот, вработените ќе имаат доволно подготовка да ги препознаваат, осознаваат и откриваат новите закани и предизвици кои, како што рече Иванов,  на опкружува денешната заедница.

„Денешното безбедносно опкружување е многу комплексно и ги надминува нашите капацитети во сите можни карактеристики и области. Затоа образованието со современите трендови и закани е основа каде ќе бидеме успешни и квалитетно ќе одговориме, додаде директорот на Агенцијата.

Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски истакна дека иницијативата на Факултетот е со цел да им се излезе во пресрет на институциите кои имаат обврски да реализираат реформи кои произлегуваат од процесот за членство во НАТО и Европската Унија.

Предавачи на курсот ќе бидат професори од Факултетот за безбедност и професиналци од Агенцијата за разузнавање. Програмата за разузнавање и анализа опфаќа повеќе области од оперативното делување, методи на собирање на податоци, современите безбедносни трендови и политики.

Наставно–образовниот процес ќе се реализира низ предавања, анализи, вежби и практично–применети форми на настава со над 150 часа.

агенција актуелно безбедност Разузнавачи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.