Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Макрадули: Планот за чист воздух ќе се справи со загадувачите и ќе даде резултати
Скопје

Макрадули: Планот за чист воздух ќе се справи со загадувачите и ќе даде резултати

ноември 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули вчеравечер во живо, на социјалната мрежа Фејсбук одговараше на прашања на граѓаните во однос на аерозагадувањето.

Овој начин на комуницирање, покрај останатите средби, како што рече Макрадули ќе стане практика, со цел секое прашање на граѓаните да добие соодветен одговор. Најголем беше интересот за инспекциските служби и контролите, како и за големите индустриски капацитети.

На прашање на граѓаните, каде може да се пријавуваат загадувачите, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули рече:

„Во Република Македонија постои државен инспекторат, којшто се грижи, согласно закон, за оние инсталации, за коишто велиме дека се со А лиценца, додека Градот Скопје и општинските се грижат за оние што имаат Б лиценци“. Но во овој момент правиме сериозна промена во тој дел. На системот ЕНЕР веќе се наоѓа законот за инспекциски совет, којшто е чадор на сите инспекции. Со него нема да биде строго поделена надлежноста, како што беше до сега и да се бега од одговорноста, туку напротив да се интервенира“.

Заменик-министерот Макрадули дополни дека инспекциските контроли се вршат редовно, а по потреба и на повик, и вонредно. Тој додаде дека со почетокот на грејната сезона, кога и загадувањето на воздухот е поголемо, инспекторите сѐ повеќе се на терен.

„На пример Градот Скопје, вонредно ги проверија сите компании коишто имаат Б лиценца и во септември и октомври оваа година, изречени се двојно повеќе казни отколку во истиот период лани“, истакна Макрадули.

Во однос на големите компании, за кои граѓаните сметаат дека во значителна мера го зголемуваат загадувањето на воздухот, Макрадули посочи дека во Република Македонија има 396 компании со легални лиценци, од кои 160 со А и 236 со Б дозволи. Но, како што додаде тој, има и компании коишто работат со усогласување на оперативниот план, како што е примерот на Југохром, според кој од 2014-та година не успеа да се усогласи со оперативниот план, не набави филтри и сега не работи.

„Во РЕК Битола, после подолго време се потпиша договор со компанијата што победи на тендер, тоа е МЗТ инженеринг за 22 милиони денари да ја третира прашината којашто се крева при работата на овој комбинат“, истакна меѓу другото Макрадули.

Во синоќешниот онлајн разговор со граѓаните, заменик-министерот Макрадули секако се осврна и на Планот за чист воздух, којшто е стратешки приоритет на Владата. Со овој документ, како што истакна Макрадули спроведувањето на мерките и активностите нема да зависи од поединци, туку ќе бара вклученост на сите чинители. Целта на Планот за чист воздух е да се справи со најголемите загадувачи, односно загревањето на домаќинствата, сообраќајот и индустријата. И затоа, како што рече ЗМЖСПП Макрадули, со него ќе постигнеме добар резултат.

„Едно училиште во зимскиот период за греење на нафта троши од 30 до 40 илјади евра. За споредба еден инвертор чини 250 евра. Со промена на начинот на греење, за почеток во градинките и во училиштата, ќе постигнеме двоен ефект – заштита на животната средина и заштеди во буџетите на овие установи и тие средства потоа ќе можат да се пренаменат за други потреби“, посочи Макрадули.

Во ова насока, заменик-министерот Макрадули рече и дека социјалните случаи коишто се греат на нееколошки средства, ќе добијат директна помош од државата за замена на начинот на греење.

На бројните реакции на граѓаните дека 1,5 милиони евра се премалку пари за борба со аерозагадувањето, заменик-министерот Макрадули истакна дека тоа е само првичен буџет и дека кон средината на декември е предвидена донаторска конференција за прибирање на дополнителни средства.

„Постојат 22 милиони евра во буџетот коишто се наменети за различни области од доменот на заштитата на животната средина, дали се однесува на природата, водата, третирање и менаџирањето на отпадот. Или ако сакате да ги прошириме тие средства, тука би влегле средствата од 1,5 милијарди денари за гасификација, вложувањата на Министерството за образование и наука во однос на енергетската ефикасност на објектите, стимулациите коишто постојат во Министерството за економија. Така што тој буџет е прилично поголем од она што се претставува“, заклучи Макрадули.

загадувачи инспекции контроли македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.