Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули истакна дека случајот со рудникот Казандол не сака да се политизира, бидејќи како што рече тој пораките се јасни.
„Непочитувањето на процедурата е јасна. На Комисија за економски системи во петокот помина одлуката за згаснување на концесијата и останува Владата да ја донесе одлуката. Се разбира ние сметаме и сме длабоко уверени дека процедурите не беа испочитувани, обврските согласно законот не беа донесени. Заради тоа и носиме таква одлука. Верувам дека нема да влезат во една варијанта да се исполитизира целиот случај, туку согласно законите да се постапува и понатаму – вели Макрадули.
„Владата има обврска да контролира дали е испочитуван договорот. Договорот не е испочитуван, не се исполнети обврските и врз база на договорот Комисијата за економски систем и предложи на Владата да ја одземе концесијата – рече Макрадули.
Заменик министерот за животна среднина, Макрадули вели дека сега околу случајот со рудникот Иловица има едно затишје, а смета дека е и јасна пораката која што се доби од граѓаните во југоисточниот регион.







