Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Макрон вмешан во корупциски скадал!?
Европа

Макрон вмешан во корупциски скадал!?

ноември 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Францускиот претседател Емануел Макрон вчеравечер пристигна во прва официјална посета на некој шеф на француската држава на Хрватска.

Макрон и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб потпишаа договор за купопродажба на 12 користени повеќенаменски борбени авиони „Рафал“.

Со оглед на скандалот што предизвика неуспех на хрватската набавка на американските ловци Ф-16 од Израел на почетокот на 2019 година и поскапувањето на авионите „Рафал“ од 999 милиони на 1,1 милијарда евра, што хрватското Министерство за одбрана го објаснува со пресметување на ДДВ, интересно е да се потсетиме на аферата околу неодамнешната индиска продажба на „Рафал“, која се уште е под истрага и во која денеска се споменува и гостинот на Пленковиќ.

Во јули оваа година беше покрената официјална истрага за договорот вреден повеќе милијарди евра меѓу Франција и Индија, за кој долго време се сметаше дека е полн со корупција, фаворизирање и мешање на високи функционери од двете земји.

Во 2016 година, индиското Министерство за одбрана потпиша договор со француската „Дасо Авијација“ за купување на 36 повеќенаменски ловци за 7,87 милијарди евра и како дел од поголемиот тендер за купување на 126 повеќенаменски авиони за Индијан Ер Форс (ИАФ), објави турската ТРТ Ворлд.

Во јули 2018 година, индискиот Врховен суд го потврди договорот за купување на „Рафал“, наведувајќи дека не се пронајдени неправилности или корупција. Конечната и правосилна пресуда, со која се отфрлија сите барања за преиспитување, датира од 14 ноември 2019 година. Меѓутоа, сега во Франција е покрената независна истрага поради сомневање за корупција и фаворизирање, а на 14 јуни јавниот финансиски обвинител назначи и судија да ја води истрагата.

Судијата ќе ги испита високите француски државни органи вклучени во одобрувањето на договорот и ќе ги прегледа постапките на поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кој беше на функцијата кога беше потпишан договорот, сегашниот француски претседател Емануел Макрон, кој во тоа време беше министер за економија и финансии, и тогашниот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, кој сега е министер за надворешни работи на Франција.

Истрагата во Франција беше покрената по серијата медиумски извештаи на почетокот на 2021 година, во кои, покрај можните финансиски проневери, беше откриена и улогата на посредникот по име Сушен Гупта, кој во Индија е под истрага за поврзаност со друг договор за набавка на оружје. Наводно, „Десалт Авијација“ и „Талес“, компании за одбранбена електроника, му платиле на Гупта неколку милиони евра тајни провизии на офшор сметки за да влијае на договорот со „Рафал“.

Во своите истраги за финансиските текови, индиската Управа за спречување перење пари (ЕД) откри дека Гупта добил пари за да влијае на исходот на договорите за одбрана, како што е купувањето на „Рафал“. Тие плаќања биле издвоени од дополнителни милион евра „подарок“ од „Дисолт“ (Dassault) за индиската компанија за изработка на 50 реплики на „Рафал“, модел чие постоење „Дисолт“ не успеа да го докаже за време на ревизијата на француската Агенција за борба против корупцијата (АФА).

Споменатата индиска компанија, „Дефсус Солушнс“ (Defsys Solutions), е еден од подизведувачите на „Дисолт“ во Индија и е поврзана со Гупта, кој ја испратил фактурата во рок од шест месеци од потпишувањето на договорот во 2016 година.

Во март 2019 година, ЕД го уапси Гупта за измама во аферата „Чопергејт“, која се засноваше на индиски договор вреден 550 милиони евра за купување на хеликоптери од италијанско-британската компанија „Агуста Вестланд“.

И покрај тоа што бил свесен за откритијата поврзани со „Рафал“, од ЕД одлучиле да не истражуваат понатаму. Иста таква одлука донел и францускиот финансиски обвинител во тоа време.

Тоа што ЕД имаше информации за наводните коруптивни работи поврзани за набавката на „Рафали“ посебно е релевантно во светлината на извештаите на индиските медиуми од 2019 година, кои открија дека стандардните антикорупциски клаузули поврзани со набавките, кои ги казнуваат компаниите за ангажирање агенти или посредници, биле отфрлени од владата на барање на „Дисолт“ пред да се финализира договорот.

По откритијата на француските медиуми во април, француската антикорупциска невладина организација „Шерпа“ поднесе жалба до судот во Париз, во која се наведува дека договорот е полн со корупција, перење пари, со влијание при продажба, со фаворизирање и неоправдани даночни ослободувања. Жалбата на „Шерпа“ ја поттикна канцеларијата на финансиското обвинителство да му наложи на судијата да ги истражи наводните прекршоци.

Адвокатите на Шерпа, Вилијам Бурдон и Винсент Бренгарт, во изјава за францускиот весник „Медиапарт“ рекоа дека покренувањето истрага ќе биде погодно за откривање на вистината и идентификување на одговорните во она што се повеќе наликува на државен скандал.

Во својот одговор, „Дисолт“ наведе дека постапил строго во согласност со Конвенцијата на ОЕЦД против поткуп и национални закони.

„Бројни контроли беа извршени од страна на голем број официјални тела, вклучително и од француската Агенција за борба против корупцијата. Не беа пријавени никакви прекршувања, посебно не во договорот со Индија за набавка на 36 авиони „Рафал“.

Во разговор за (The Wire), Прашант Бушан, истакнат индиски адвокат кој претходно бараше истрага за договорот од страна на индискиот Врховен суд, рече:

„Приказната на Медиапарт дополнително потврдува цел низ на докази што ги изнесовме пред Врховниот суд, барајќи независен истрага за работата. Жално е што индиските медиуми не го покриваа овој скандал.“

Во најголемата набавка за одбраната во историјата на Индија, премиерот Нарендра Моди и неговата националистичка влада во септември 2016 година потпишаа договор за испорака на 36 борбени авиони „Рафал“ до 2022 година, избирајќи го „Дисолт Авијација“, наместо досегашните руски авиони од типот „МиГ“, токму како Хрватска. Досега на Индија во три наврати и се испорачани 26 авиони. Договорот содржи и клаузула според која француската страна мора да потроши 50 отсто од исплатената сума во Индија. Индиските правила за одбранбените набавки наведуваат дека странските компании мора да инвестираат најмалку 30 отсто од вредноста на бизнисот назад во земјата, со цел да го поттикнат домашното производство. Она што ја предизвика политичката бура беше обвинувањето на главната опозициска Конгресна партија дека владата фаворизира приватна индиска компанија – „Релианс Анил Амбани“ (Reliance Anil Ambani), во сопственост на човек близок до Моди, да биде партнер на „Дисолт“ во Индија. Бидејќи досега се потпираше на застарените авиони од советската ера, Индија во 2001 година одлучи да ја надгради својата борбена ескадрила и во 2007 година распиша тендер за купување 126 авиони. „Дисолт“, заедно со „Боинг“ и „Сааб“, поднесоа понуди во 2008 година. Во 2012 година „Дисолт“ поради најниската понуда ја доби работата. Државната компанија „Хиндустан Аеронаутикс Лимитед“ (Hindustan Aeronautics Limited – HAL) е избрана за домашен партнер за производство на 108 авиони во Индија.

Но, договорот заглави бидејќи двајцата партнери не можеа да ја финализираат спогодбата, „Дисолт“ не сакаше да го гарантира за квалитетот на производството на „ХАЛ“ и бараше повисока цена, а во 2014 година беше ставен во мирување откако партијата на Баратиј Џанат победи на изборите. За време на посетата на Франција во 2015 година, Моди одлучи да го промени оригиналниот тендер за купување на 36 „Рафали“, отфрлувајќи го „ХАЛ“ од играта. Документите до кои дојде „Медиапарт“ покажуваат дека „Дисолт“ и „Рилианс“ всушност го потпишале својот прв Меморандум за разбирање на 26 март 2015 година, петнаесет дена пред одлуката на Моди да го откаже претходниот договор. Потоа, два месеци по одобрувањето на договорот од 2016 година, „Дисолт“ и „Рилианс“ потпишаа „акционерски договор“ што ги дефинираше нивните односи во идната заедничка компанија создадена во 2017 година под името „Дисолт Рилианс Аероспејс Лимитед“ (Dassault Reliance Aerospace Limited – DRAL). Заедничкото вложување имаше чудни финансиски услови под кои „Дисолт“, фирмата која имаше 49 отсто од акциите, се обврза да обезбеди 94 отсто од вкупно 169 милиони евра колку што е влогот во компанијата. Според доверливите документи што весникот „Медиапарт“ успеал да ги добие, фирмата „Дисолт“ немала индустриски интерес за формирање партнерство со „Рилианс“ освен поради политички причини и фаворизирање на програмите на индиската влада.

Во Индија после тоа се појавија повици за отварање нова истрага. Портпаролот на Конгресната партија, Рандип Сурјевал, рече дека во светлината на новите факти, неговата партија бара формирање независна парламентарна комисија која ќе ја испита целата приказна.

„Секогаш сме тврделе дека парламентарната истрага за купопродажбата на ‘Рафал’, а не судска расправа, ќе ја утврди вистината. Скандалозното откривање на измамата со „Рафали“, која вклучува огромна корупција, предавство и загуба на државни пари, конечно стана очигледна. Ако Франција може да ја испита улогата на нејзиниот поранешен претседател, нејзиниот поранешен министер за одбрана и можеби својот сегашен претседател во овозможувањето на контроверзниот договор, зошто Индија не би можела да го направи истото?“, изјави Сурјевал.

Одговарајќи на обвинувањата, портпаролот на Баратиј Џаната, Самбит Патра, ја нападна Конгресната партија дека се обидува со лаги да ја замајува индиската јавност, тврдејќи дека во овој договор не е докажана никаква корупција.

Наместо тоа, за нападите на Џаната тој го обвини „корпоративното ривалство“ во Франција. Во следните неколку месеци ќе се види дали индиската влада ќе успее да го турне под тепих. Со оглед на тоа дека случајот со забрзано темпо „напредува“ во Франција, сигурно нема да и биде лесно.

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно Емануел Макрон индија Рафал скандал Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.