Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека би можело тој и американскиот претседател Доналд Трамп да се сретнат пред НАТО самитот во Лондон, кој што се одржува на 4 декември.
Тој вчера доцна навечер на Твитер објави дека имал „одличен телефонски разговор“ со американскиот претседател, со кој разговарал за Сирија, Иран и НАТО.
„Се согласивме за многу работи и ќе се сретнеме пред лондонскиот НАТО самит“, напиша Макрон.







