Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го посети Берлин на 9 мај, каде ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти Елисејската палата.
„Првото патување по инаугурацијата на францускиот претседател ќе биде во Берлин, што уште еднаш ја нагласува силата на француско-германските односи, се наведува во соопштението на претседателската администрација.
Во соопштението се додава дека двајцата лидери ќе разговараат за прашања поврзани со војната во Украина и „предизвиците пред европскиот суверенитет“.
МИА