Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство
СВЕТ

Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство

јуни 23, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори одржани во неделата. Истовремено, Макрон повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“.

Во обраќањето до Французите, за првпат откако неговата партија го изгуби парламентарното мнозинство, Макрон призна дека постојат зголемени „поделби“ по изборите и ја повика политичката класа да научи да владее и да донесува закони поинаку.

Партијата на францускиот претседател не освои апсолутно мнозинство во Националното собрание и мора да формира сојузи, или од случај до случај, или во во рамките на коалиција.

Според конечните резултати од изборите, центристите на Макрон осовија најмногу пратенички места, 245 од вкупно 577, но, за апсолутно мнозинство неопходни се најмалку 289 места. На второ место е левичарската коалиција, Нова народна еколошка и социјална унија (Нупес) со 131 место. Десничарската партија на Националниот собир со лидерката Марин Ле Пен доби 89 места, а десничарските републиканци имаат 61 пратеник.

„Треба да се градат компромиси, збогатување со амандмани, но тоа да се прави потполно транспарентно, можам да кажам на отворено небо, со желбата за обединување и дејствување за нацијата, истакна претседателот во кусото телевизиско обраќање.

Тој на политичките сили им посочи на нивната одговорност.

„За корисно да се оди напред, сега политичките групи треба транспарентно да се изјаснат до каде се подготвени да одат, додаде Макрон.

Тој нагласи и дека слуша и е подготвен да ја преземе „желбата за промена, што земјата јасно ја изрази“. Макрон потсети и дека разговарал со лидерите на сите политички групи и оти тие изразиле почит за француските институции и желба да се избегне блокада на земјата.

Макрон најави дека веќе летово треба да се донесе закон за куповна моќ и подобра плата, да се донесат првите одлуки за целосно вработување, да се направи силен избор за енергијата и климата и да се воспостават итни мерки за здравјето, без разлика дали станува збор за болниците или за епидемија.

Според него, Владата ќе почне да го гради овој нов метод и нова конфигурација, кога ќе се врати од Самитот на ЕУ во Брисел, што треба да се одржи денеска и утре.

 

MIA

актуелно единство идеа Макрон националнао отфрлање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.