Централното раководство на СДСМ одлучи за официјален кандидат за градоначалник на Куманово да го номинира пратеникот Максим Димитриевски.
Во конкуренција на шестмина кандидати од редовите на ОК на СДСМ на Куманово според централното раководство во моментот според сите показателии од сондажите и анкетите меѓу граѓаните имал најголем рејтинг поради што и ја добил номинацијата.
Димитриевски по професија е правник а во моментот е пратеник во Собранието на Република Македонија, а во партијата на СДСМ е долгогодишен член на раководството на СДСМ во Куманово. Неколку години ја извршуваше и функцијата претседател на Советот на општината Куманово.
Негов противкандидат за градоначалничката фотелја во Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде неговиот колега од Собранието, пратеникот Зоран Ѓорѓиевски.







