Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, најави дека нема да земат плата сите институции и нивните раководители што нема да ги внесат податоците за своите вработени.
Во информатичкиот систем за управување со човечки ресурси, каде институциите имаат законска обврска да ги внесуваат своите систематизации и информации за вработените, вели министерот, мора да се среди хаосот, бидејќи само дел од нив коректно ги ажурираат податоците, другите тоа го направиле делумно или воопшто не го сториле. Владините предупредувања и инспекциите многу не помогнале.
„За таа цел ќе спроведеме, преку неколку одлуки на владата, ќе направиме ред и системски и технички измени внатре во одредени системи на институциите, но и со ред на правилници и уредби на влада со коишто сите они институции и нивните раководни лица коишто нема да ги внесат податоците за своите вработени во информатичкиот систем за управување со човечките ресурси нема да земат плата“, рече министерот.







