После секој тренинг натпревар на двата тима на Реал обичај е да се фотографира победничката екипа. „Марка“ ги прегледала последните 20 фотографии и заклучила дека Лука Модриќ речиси секогаш е победник.
Капитенот на хрватската репрезентација го имало на 15 од 20 фотографии и така ја предводи листата на реаловите играчи по бројот на победи на тренинг натпреварите.
Веднаш зад него е Начо со 14 победи, а следат Лоренте (12), Роналдо (10), Васкез, Ашраф (10) и Асенсио (9)…
Секако, на Модриќ му оди од рака и тоа што во последно време немаше проблеми со повредите за разлика од Бензема и Бејли или не доцнеше на подготовките како Роналдо со репрезентацијата.








