Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Матис: Претстојниот референдум е најважниот глас во вашата историја
Македонија

Матис: Претстојниот референдум е најважниот глас во вашата историја

септември 17, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација. Граѓаните да го искористат своето демократско право и да гласаат на референдумот кој е историски за натамошниот напредок на Македонија на патот на интегрирањето на земјата во НАТО и ЕУ,  и во тоа ја имате поддршката од САД, порача американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Го препознаваме комплексниот политички процес кој ви претстои и ве поддржуваме во остварувањето на вашиот демократски глас и одговорност да гласате. Неодамна прославивте годишнина од референдумот на кој над 95 отсто од граѓаните се одлучија за независноста на земјата. За две недели вашите граѓани уште еднаш ќе добијат можност да ја придвижат земјата напред- рече Матис.

Американскиот секретар за одбрана ги поздрави напорите на Македонија и Грција за постигнување на договорот од Преспа кој, како што кажа, ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на опристапување во НАТО и ЕУ, ќе ги зајакне безбедноста и економнскиот развој на Македонија.

„Ви аплаудирам за вашите неуморни напори да го постигнете историскиот договор од Преспа со Грција. Знаеме дека тоа бараше трпелива дипломатија од двете страни и компромисите се секогаш тешки – рече Матис, искажувајќи благодарност до Заев и Шекеринска за нивниот ангажман во разрешувањето на како што наведе, „тешкиот спор за името“.

Потсети на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека со приклучувањето во НАТО, Македонија ќе добие еднакво место во најуспешната воена алијанса заедно со 29 други земји членки кои, како што наведе Матис, се обврзуваат да ве штитат вас и вашата безбедност“.

„Тоа носи зајакната безбност, како и зајакната економски развој, кажа американскиот секретар за одбрана и посочи на примерот на Црна Гора каде што странските инвестиции се удвоија по нејзиниот прием во НАТО.

Нагласи и дека Алијансата се залага и за зачувување на територијалниот интегритет и на слободата и демократијата.

„Ние сме подготвени да ви посакаме добредојде како 30. членка на НАТО- порача секретарот за одбрана на САД.

Матис најави оти денеска ќе се сретне и со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов со кој, како што рече, ќе ги продолжи разговорите за светлата иднина што и претстои на земјава.

Премиерот Заев нагласи оти ова е уште еден свечен ден за Македонија поради посетата на висок американски функционер. Тој истакна дека Матис доаѓа во исклучително важен период кога граѓаните на Република Македонија се подготвуваат на референдумот да го дадат својот глас за прифаќање на договорот со Грција, а со тоа и за нашето членство во НАТО и ЕУ.

„Посетата е уште една потврда за охрабрувањето и афирмирањето на нашето стратешко партнерство и е силен поттик за исправноста на политиките што Република Македонија ги презема на планот на дијалогот, толеранцијата- рече Заев.

Министерката Шекеринска нагласи оти посетата на Матис е силна потврда за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.

„Два податока многу гласно говорат. Вашата посета е прва посета на Македонија од страна на секретар за одбрана на САД по цели 14 години. Првпат во нашата историја како независна држава ни се случува во една година практично за помалку од шест месеци секретар за одбрана на САД и македонски министер за одбрана да имаат две средби во Вашингтон, но и во Скопје. Сето ова говори за нашето стратешко партнерство, но сето ова говори и за вашата лична заложба за Македонија и за нејзиното членство во НАТО – рече Шекеринска.

Нагласи дека Македонија денес се наоѓа на еден чекор од членството во НАТО и на тој пат Македонија од самиот почеток ја добивала силната поддршка на САД.

актуелно Грција ЕУ македонија Матис НАТО референдум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.