Американскиот сенат го потврди вчера Мајк Помпео за државен секретар на претседателот Доналд Трамп давајќи ми на поранешниот прв човек на ЦИА средишна улога во решавањето на американските надворешнополитички предизвици како што се Северна Кореја и Иран.
Помпео, поранешен офицер во копнената војска кој беше и американски конгресмен, се смета за најлојален човек на Трамп.
Тој веќе длабоко е вплеткан во дипломатијата. Трамп го испрати во Северна Кореја пред три недели за да се сретне со водачот на таа земја, ким Јонг Ун, пред самитот со американскиот претседател на којшто на дневен ред би требало да биде нуклеарната програма на Пјонгјанг.