Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мајските оперски вечери во знакот на Верди
Култура

Мајските оперски вечери во знакот на Верди

мај 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Четириесет и седмите Мајски оперски вечери оваа година ќе бидат отворени и затворени со оперската претстава „Аида“, со која фестивалот традиционално завршува секоја година на 31 мај. Утревечер ќе бидат отворени со премиера на оваа позната опера  на Џузепе Верди, овојпат во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова.

Националната опера и балет денеска на прес-конференција ја најави како спој на визуелната иновација со традицијата, виртуелна сценографија која ќе ја одведе публиката во светот на древниот Египет.

Уметничкиот директор на Операта, Бисера Чадловска, рече дека се работи за ново, футуристичко видување на „Аида“, во која ќе има 3Д-проекции. Постановката ја видела на премиерата во Џенова и во соработка со  театарот „Карло Феличе“ целата продукција е донесена во Скопје. „Аида“ ќе биде изведена и на затворањето на фестивалот, но со интернационална екипа. Насловниот лик утре ќе го игра Благица Поп Томова, а на 31 мај – Русинката Олга Романко.

Диригент на претставата е Енрико Довико, кој на прес-конференцијата истакна дека е многу задоволен од Оркестарот на НОБ затоа што, рече, го следеле перфектно и дисциплинирано. Различно во однос на изведбата на матичната сцена во Џенова е тоа што оркестарот не е целосно на сцена, туку дел е во т.н. оркестарска школка. Италијанскиот диригент нагласи дека претставата е микс на традиционално и модерно и дека најголем предизвик е музиката да се координира со проекциите, односно тие да се приспособат на темпото.

Покрај двете изведби на „Аида“ на 9 и на 31 мај, на фестивалската програма се уште  две Вердиеви опери – „Риголето“ на 18 мај и „Травијата“ на 28 мај, како и оперите „Лучија од Ламермур“ на Доницети (15 мај) и „Боеми“ на Пучини (22 мај) и балетот „Лебедово езеро“ на Чајковски на 12 мај.

Во придружната офф-програма од 15 мај до крајот на фестивалот ќе биде поставена изложбата „Божествена симбиоза“ посветена на првенката на Операта Ана Липша-Тофовиќ (1926-2012), која е меѓу основоположниците на македонската оперска сцена, а била и дел од првата изведба на „Аида“ кај нас пред 65 години.

На 20 мај, пак,  на платото на Националната опера и балет со видео на отворено ќе биде прикажана  „Ана Болена“ од Доницети во изведба на Виенската државна опера, по повод 150 години од нејзиното основање.

аида верди оперски вечери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.